ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ
Пред примање на хемотерапијата, вашиот лекар ќе ви ги објасни целите на лекувањето и вие ќе ве замоли да потпишете формулар, со кој ќе дадете дозвола (информирана согласност) за примање на хемотерапијата од болничкиот персонал. Никакво медицинско лекување не може да ви биде дадено без ваша согласност. Пред да ве замолат да го потпишете формуларот, треба да ви се дадат сите информации, односно: видот и степенот на лекување, на кое ве советуваат да се подложите, предности и недостатоци на лекувањето, какви и да се алтернативни решенија кои може да ви бидат предложени, какви и да се значајни ризици или несакани ефекти од лекувањето.
Ако не разбирате што ви е кажано, замолете да ви објаснат повторно.
Често е добра идеја да имате пријател или роднина со вас, кога ги разгледувате можностите за вашето лекување. Тие може да ви помогнат да ги запаметите информациите и да ви помогнат ако се срамите да побарате целосна и исцрпна информација од лекарот.
Од корист може да биде ако претходно си направите список на прашања кои ќе ги користите при консултации со специјалистот.
Пациентите често чувствуваат дека болничкиот персонал е премногу зафатен за да одговори на секое ваше прашање, но важно е да ви е сосема јасно какво лекување ви се предлага и како тоа ќе се одрази на вас.
СЕ ОКОЛУ ЛЕКУВАЊЕТО И СТРАВОТ ОД НЕИЗВЕСНОСТА
Многу луѓе се плашат од примање на хемотерапија, особено заради несаканите ефекти кои може да настанат. Се прашуваат што би се случило, ако не се подложат на вакво лекување.
Иако хемотерапијата може да предизвика несакани ефекти, сознанијата како овој вид на лечење влијае на луѓето и какви се начините за да се намалат или избегнат многу проблеми, го олеснуваат справувањето со ваквото лекување.
Во последните години зголемени се знаењата од областа на онкологијата, подобрени се лекарствата, шемите, се намалуваат несаканите ефекти. Најпосле, кога ќе го прифатите фактот дека сте дијагностицирани со онколошко заболување, најважно е да се фокусирате на решавање на проблемот, а не на самиот проблем.
Доколку, хемотерапијата е препорачана од онколошка комисија, која го разгледала вашиот случај и вие сте одлучиле да се согласите со препораките од вашиот лекар и да се подложите на хемотерапија, наш пријателски совет е да верувате во можностите кои ви се предлагаат и да си дадете рок дека само после неколку месеци, најверојатно целото ваше лекување ќе остане позади вас.
Фокусирајте ги мислите на се она позитивно што може и ќе се случи во вашиот живот после завршување на лекувањето.