Лимфниот систем е клучен за одржување на телото да биде здраво. Низ него циркулира лимфна течност богата со протеини, ги собира бактериите, вирусите и отпадните материи. Отпадот се филтрира од страна на лимфоцитите – станици кои се борат против инфекции и на крај се исфрла од телото.

Лимфедемот се создава кога вашите лимфни садови нема да можат да направат соодветно дренирање на лимфната течност, обично од рацете или нозете. Лимфедемот може да биде примарен или секундарен. Примарен значи дека може да се појави сам, а секундарниот е последица од некоја друга болест или состојба.
Причините за секундарниот лимфедем можат да бидат состојби или постапки кои ги оштетуваат лимфните јазли или лимфните садови при:

• Операција – лимфедемот може да се создаде ако вашите лимфни јазли или лимфни садови се отстранети или намалени. На пример, при операција на дојка може да се отстранат еден или повеќе лимфни јазли од пазувите при барање докази дали ракот се проширил. Ако преостанатите лимфни јазли и лимфни садови не можат дополнително да ја извршуваат работата на веќе отстранетите лимфни јазли, доаѓа до појава на лимфедем во раката.
• Радиотерапија – зрачењето може да предизвика белези и воспаление на лимфните јазли и лимфните садови, ограничувајќи го текот на лимфната течност.
• Рак – ако клетките на ракот ги блокираат лимфните садови, може да се појави лимфедем. На пример, туморот расте покрај лимфниот јазол, и така може да стане доволно голем да го блокира текот на лимфната течност.
• Инфекција – инфекциите на лимфните јазли можат исто така да го ограничат текот на лимфната течност и да предизвикаат појава на лимфедем. Паразити исто така можат да бидат причина за блокирање на лимфните садови.

Симптоми на лимфедемот:
• Отоци на дел од раката или ногата, или целата рака или нога, вклучувајќи ги и прстите
• Чувство на тежина или стегање во раката или ногата
• Ограничено движење на рацете или нозете
• Болка и нерпијатност во раката или ногата
• Повторувачки инфекции во зафатените екстремитети
• Задебелување и губење на еластичноста на кожата на раката или ногата и формирање на плускавци исполнети со лимфа
Отокот предизвикан од лимфедемот може да варира од мала, едвај видлива промена до екстремна, до неможност на користење на зафатениот екстремитет.