Биолошки сличен лек е развиен за да биде многу сличен со постоечкиот биолошки
лек. Постоечкиот биолошки лек е лек кој е веќе одобрен и се користи во Европската Унија и е наречен референтен лек.

Откако на референтниот лек ќе му истече патентната
заштита, односно ќе му заврши ексклузивитетот, на биолошки сличниот лек му е
дозволено да се регистрира и дојде да на пазарот.
„Високо слични“ значи дека биолошки сличниот и референтниот лек во суштина се
исти, но сепак може да има мали разлики во нивните активни супстанции.

Овие мали разлики се должат на фактот што овие активни супстанции обично се сложени и комплексни молекули и се направени од живи клетки.

Различностите и сличностите на биолошки сличниот и неговиот референтен лек
можат да се споредат со лисја на дрво: тие се исти и имаат истата цел, но под
микроскоп, имаат многу мал степен на разлика кој се јавува како резултат на биолошки процеси.