Лимфомот е рак на лимфниот систем, кој е дел од имунолошкот систем. Постојат многу типови на лимфом, но главно тој се дели на Хочкинов лимфом и Не-Хочкинов лимфом. Не-Хочкиновиот лимфом се развива кога белите крвни зрнца – лимфоцитите ќе станат абнормални. Тие неконтролирано и повторувачки растат и се размножуваат, а кога треба да изумрат тие остануваат живи во циркулацијата.

Вака променетите лимфоцити се насобираат во лимфните јазли кои потоа отекуваат. Болеста може да се јави кај сите возрасти, но почесто кај возрасните. Од неа може да заболат припадниците на двата пола, но почесто се јавува кај припадниците на машкиот пол. Најчести симптоми на Не-Хочкиновиот лимфом се зголемени лимфни јазли на вратот, пазувите или во слабините, губење на телесната тежина, покачена телесна температура, обилно ноќно потење, кашлица, отежнато дишење и болка во градите, слабост и изнемоштеност, постојано чешање по телото и отеченост или чувство на надуеност во стомакот.

Лимфом е многу сложен рак на лимфните клетки, петти најголем малигнитет на светот и еден од оние зачестеност е во пораст Постојат два основни типа, Хочкин и Не- Хочкин лимфом и некаде околу 45 подтипови на овие лимфоми.

Денес постојат современи тераписки опции, со кои ако болеста се открие навреме, може да биде излекуван. За жал, Лимфомот многу често се открива во подминат стадиум бидејќи има специфични симптоми.

Поткашлување и главоболки

Најчести симптоми на Лимфомот се изнемоштеност, ноќно потење, зголемена температура, губење здив, зголемени лимфни жлезди кои не болат (најчесто на врат, под пазувите и на препоните), постојано поткашлување, главоболка, необрасниво губење на тежина без диета, чешање и нафрлано цело тело.

И додека раниот скрининг има удел во превенцијата на многу видови рак, причините и факторите на ризик за појава на лимфом остануваат непознати, па свеста за значите и симптомите на болеста се приоритет за рано откивање на лимфомот.