Мултипен миелом е рак на плазма клетките, вид на бели крвни клетки присутни во коскената срцевина. Плазма клетките се одговорни за синтеза на протеини наречени антитела кои помагаат во борбата против инфекции.

Кај мултипниот миелом, група на плазма клетки (миелома клетки) се канцерни и се мултиплицираат, зголемувуајќи го бројот на плазма клетки над нормалата. Бидејќи овие клетки произведуваат протеини (антитела) бројот на абнормални протеини во крвта исто така може да се покачи. Проблемите кои се појавуваат од мултипниот миелом се одразуваат на коските, имуниот систем, бубрезите и бројот на црвени крвни клетки.

Симптоми

Знаците и симптомите на мултипниот миелом може да варираат кај различни пациенти. Во почетен стадиум болеста може да не даде никакви симптоми (прикриен мултипен миелом). Како што болеста напредува најверојатно е дека ќе се појави барем еден од четирите вообичаени проблеми при мултипен миелом, кои вклучуваат:

-Високо ниво на калциум во крвта. Ова се случува кога калциум од коските кои се афектирани се појавува во крвта. Високо ниво на калциум предизвикува жед, гадење, констипација, губиток на апетит и конфузност.

-Колапс на бубрезите. Високи нивоа на одредени видови на абнормални моноклонални протеини (М протеини), кои се нарекуваат лесни вериги на Bence Jones протеините, ги оштетуваат бубрезите.

-Умор проследен со анемија. Овој вид на умор се појавува бидејќи миелома клетките ги заменуваат црвените крвни зрнца, кои носат кислород, во коскената срцевина.

-Оштетување на коските и фрактури. Оштетувањата кои се појавуваат на коските како резултата на мултипниот миелом се нарекуваат “остеолитички” или “литички”. Болките во коските се вообичаен симптом особено во грбот, карлицата, ребрата и черепот.

Овие четири проблеми најчесто се означени со акронимот КБАК (CRAB), што се однесува на нарушеното ниво на калциум, бубрезите, анемијата и коските. Други знаци и симптоми на мултипен миелом може да бидат и повторувачки инфекции –како пневмонија, синузитис, инфекции на мочниот меур или бубрезите, инфекции на кожата, губиток на тежина и слабост или намалена осетливост во нозете.