ИМАМ 55 ГОДИНИ. ПРЕД ШЕСТ МЕСЕЦИ МИ Е ДИЈАГНОСТИЦИРАН РАК НА ДОЈКА ВО МЕТАСТАТСКА ФАЗА. НЕ ОДЕВ НА КОНТРОЛА БИДЕЈЌИ РАБОТАМ И ИМАМ МНОГУ ОБВРСКИ ВО СЕМЕЈСТВОТО, А ИНАКУ СУМ ЗДРАВА. ДАЛИ САМАТА ГО ПРЕДИЗВИКАВ?
Ова прашање го поставуваат многу болни жени. Затоа треба да повториме, ракот е непредвидлива болест и не се знае кого ќе „одбере“. Сепак, познати се многу причини кои можат да придонесат за добивање рак на дојка. Секако, ниту еден од нив не е единствен причинител. Некои од тие ризични причинители не можат да се избегнат, а некои во текот на животот не сме можеле да ги ставиме под контрола или не сме знаеле дека тие можат да влијаат на развојот на ракот. Добро е да се анализира со специјалист колку тие различни причинители се однесуваат на нас како евентуално би промениле некои навики и развиле поздрави животни стилови. Како ризични причини најчесто се спомнуваат веќе лечен рак на дојка, возраста, дијагностициран рак на дојка кај мајката, сестрата или бабата, рана и доцна менопауза, нераѓање, недостаток на телесна активност, пушење, неумерено конзумирање алкохол, долготрајна примена на хормонска дополнителна терапија, неприлагодена исхрана, загаденост на опкружувањето со токсични честички и уште некои (на пример, постоење на генетска мутација). Стресните случувања можат да предизвикаат намалување на имунитетот и развој на различни болести. Најважно е заболената личност дека не смее себе да се обвинува за појава на болеста.
ДИЈАГНОСТИЦИРАН МИ Е HER 2 ПОЗИТИВЕН МЕТАСТАТСКИ РАК НА ДОЈКА. УШТЕ НЕ СУМ ЗАПОЧНАЛА СО ЛЕКУВАЊЕ. ПОСТОИ ЛИ ЗА ТОА НЕКАКВА ТЕРАПИЈА?
Целта за лечење на метастатскиот рак на дојка е спречување прогресија на болеста, продолжување на времето на преживување, одржување, подобрување на квалитетот на животот, олеснувачки симптоми како и спречување сериозни компликации. Лечењето на метастатскиот рак на дојка (начин и избор на терапија) зависи од видот и карактеристиките на туморот, општата здравствена состојба на пациентката и нејзината возраст, претходното лекување, проширеноста на болеста (степенот и локацијата на метастазата) и желбата на пациентката. Конкретно, за метастатски карцином кој е воедно и HER 2 позитивен, со употребата на современи целни таканаречени „анти HER 2“ лекови во комбинација со хемотерапија или хормонска терапија може значајно да го продолжи времетраењето без прогресија на болеста на повеќе години. Важно е да се разбере дека прогнозите се работат врз основа на голем број примери на болни во клиничките студии и дека одговорот на терапијата е индивидуален. Ако пациентка има било каков сомнеж во врска со предложената терапија, во рамките на основното здравствено осигурување , со нов упат, може да побара второ мислење во друга здравствена установа.
O коментари