Најчести симптоми и знаци на болеста се:

– често мокрење посебно ноќе

– тешко започнување на мокрење

–  тешко запирање на мокрење

– подолготрајно мокрење поради послаб млаз на мочта

– испрекинато мокрење и капење на мочта по завршување на мокрењето

– печење и болка при мокрење

– чувство на полн мочен меур по мокрење

– потреба од итно мокрење

– болки во долниот дел на карличната регија

– крв во мочта

– болна ејакулација

– болка во слабинскиот дел, во колковите и бутините

– ослабен апетит и слабеење

– болки во коските

Доколку постојат потешкотии во мокрењето или кој било од наведените симптоми и знаци, неопходно е да се отиде на лекар.

Овие симптоми и знаци не значат секогаш и сигурно постоење на карцином, туку можат да бидат поврзани со некои други состојби и болести на простата.

Така, многу често, посебно во раните стадиуми на карциномот на простатата симптомите се исти како и при бенигното зголемување на простатата.

Годишно се јавуваат само дваесетина болни кај кои ракот на простатата е откриен навреме. Тоа значи дека кај многумина пациенти болеста се открива многу подоцна, кога болниот веќе има метастази. Причина за ваквата состојба не се препознаваат  конкретни симптоми кои би го предупредиле мажот дека станува збор за некаква болест. Голем број од мажите, и кога ќе се појават симптомите од оваа болест, од страв го игнорираат тој факт. Мажите со страв и срам доаѓаат да извршат прегледи, иако лекувањето зависи од тоа во кој стадиум е откриен карциномот. Затоа е потребно да се подигне општата и медицинска култура кај машката популација, со цел карциномот да се открие што порано. Светската здравствена организација го прогласи 15 септември за Светски ден на заболувањата на простатата.

Ракот е излечива болест ако навреме се открие.