Со последната набавка од страна на Министерството за Здравство, на ЈЗУ Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, се зголемува изборот на лекови за пациентите со метастатски меланом (карцином на кожа).

Нашиот тим ја поздравува оваа одлука на Министерството за Здравство за зголемување на изборот на лекови на пациентите и се надеваме дека ќе продолжи набавката во позитивна насока со цел да се овозможи најдобар избор за лекувањето на пациентите заболени од меланом.

Станува збор за лекот Cottelic (cobimetinib) кој се додава на третманот кај пациентите кои примаат Zelboraf. За повеќе информации обратете се кај Вашиот онколог.

Во прилог ви го испраќаме линкот на кој можете да ги дознаете сите информации во врска со оваа тема.

http://zdravstvo.gov.mk/ministerot-filipche-sleduva-menuvanje-na-pozitivnata-lista-na-lekovi-koja-e-nepromeneta-10-godini/?fbclid=IwAR08QTTTM94p2oGyLU7CB_280406od3zYIC1OVm-tvvyd4CuI5JwRKb3Ty0