Животен стил  

Следниве совети може да помогнат во држењето на мултипниот миелом под контрола.

Да се остане активен. Вежбањето помага во тоа коските да си ја задржат својат цврстина.

Пиење на течности. Помага аво во спречување на дехидратација, а и со пиење на поголема количина на течности се дилуираат Бенс Џонсоновите протеини во урината, со што се превенира оштетување на бубрезите.

Балансирана диета. Со тоа се одржува целокупното здравје. Нивото на М протеини во системот не е под влијание на тоа колку протеини ќе се консумираат, што значи нема потреба да се лимитира внесот на протеини доколку тоа не го препорача леакрот. Не треба да се земаат витамини, тревки или лекови без препорака од лекарот бидејќи може да интерферираат со терапијата.

Справување со болеста и поддршка

Дијагностицирањето на рак може е доста тешко за секој пациент. Треба да се има на ум дека без разлика на тоа која е прогнозата, не сте сами. Ова се некои стратегии кои може да ви помогнат во полесно справување со дијагнозата:

Дознајте што да очекувате. Информирајте се во врска со вашиот канцер –видот, фазите, ризиците, можностите за третман и несаканиѕе ефекти од третманот. Колку повеќе сте информирани, толку поактивно може да учествувате во вашиот третман. Освен од вашиот лекар информирајте се од книги и интернет.

Бидете проактивни. Иако може да се чувствувате уморно и обесхрабрено, обидете се да бидете активен учесник во донесувањето на одлуки за вашиот третман.

Поставете си цели. Имањето на цели ви помага да се чувствувате посигурни. Но немојте да избирате цели кои се невозможни да ги достигнете. На пример можеби нема да бидете во состојба да работите 40 часа неделно но можете да одите на работа со скратено работно време. Многу луѓе сметаат дека продолжување на извршувањето на работните обврски им помага.

Одвојте време за себеси. Хранете се добро, релаксирајте се и одмарајте сето тоа ќе ви помогне во намалувањето на стресот и уморот.

Останете акивни. Тоа што имате рак не значи дека треба да престанете да ги правите работите во кои порано сте уживале. Доколку се чувствувате доволно добро и имате желаба да направите нешто направето го тоа без двоумење.