Терапија

Доколку имате мултипен миелом, а немате симптоми, можно е и да немате потреба од третман. Меѓутоа лекарот мора постојано да ја контролира состојбата и да внимава на знаци кои индицираат дека болеста прогресира. Доколку се јават симптоми, терапијата може да ја намали болката, да ги контролира компликациите од болеста, да ја стабилизира состојбата и го забави прогресот на болеста. Иако нема лек за мултипниот миелом со добра терапија состојбата може да се контролира. Страндардни опции за терапија се:

Bortezomib – е првиот одобрен лек во нова класа на лекови наречени протеазомни инхибитори. Се администрира интравенски. Предизвикува изумирање на клетките на ракот преку инхибиција на функцијата на протеазомите. Се дава кај новодијагностицирани пациенти и кај пациенти кои претходно биле лечени од мултипен миелом.

Thalidomide – овој лек во почетокот бил користен како седатив и лек против утринско гадење кај бремени жени, но бил забранет за употреба откако се утврдило дека предизвикува сериозни дефекти кај плодот. Меѓутоа лекот доби одобрување за повторна употреба во 1998 година, најпрво во третман на кожни лезии кај лепрозно болни. Денес се користи и кај новодијагностицирани пациенти од мултипен миелом. Лекот се дава ораално.

Lenalidomide – хемиски е сличен со талидомидот, но бидејќи е попотентен и има помалку несакани ефекти, се користи почесто од талидомидот. Се администрира орално. Најчесто се ординира кај пациени кои веќе биле на терапија за мултипен миелом, но често се користи и кај новодијагностицирани.

Хемотерапија, која вклучува земање на лекови орално или интравенски за да се уништат клетките на мултипниот миелом, најчесто се одвива во циклуси од неколку месеци со периоди на одмор. Многу често хемотерапијата се дисконтинуира при плато фазата на ремисија, во која нивото на М протеини е стабилно. Може да се јави повторно потреба од хемотерапија доколку нивото на М протеини почне да расте. Најчесто употребувани лекови за хемотерапија се мелфалан, циклофосфамид, винкристин, доксорубицин и липосомален доксорубицин.

Кортикостероиди како преднизонот и дексаметазон, со децении се користат во третман на мултипен миелом. Се даваат во форма на пилули.

Трансплантација на матични клетки – вклучува користење на висока доза на хемотерапевт најчесто мелфалан, заедно со трансфузија на незрели крвни клетки (матични клетки) за да ја заменат заболената или оштетена коскена срцевина. Матичните клетки може да се земат од пациентот или донор и нивното потекло мoже да биде или од крв или од коскена срецвина.

Радијациона терапија – се користат енергетски бранови со голема јачина за да ги оштетат клетките на миеломот и да го стопираат нивниот раст. Радијационата терапија може да да се искористи за брзо намалување на миелома клетките во одредена област – на пример кога колекција од абнормални плазма клетки формираат тумор (плазмоцитом) кој предизвикува болка или уништува коска.