Третман
Раните фази може да бидат третирани со радикална хистеректомија со отстранување на лимфните јазли или  радиотерапија. Поголемиот број на малигни тумори во рана фаза можат да се третираат со радиотерапија и цисплатин  хемотерапија, хистеректомија (која обично бара адјувантната радиотерапија) или хемотерапијата со цисплатин проследена со хистеректомија. Напреднати фази на тумори се третираат со радиотерапија и цисплатин хемотерапија.

На 15 јуни 2006 година, FDA (Aмериканската асоцијација за храна и лекови) ја одобри употребата на комбинација од два лека за хемотерапија, хицамтин и цисплатинот за третман на доцен стадиум на рак на грлото на матката.

Прогноза
Прогнозата зависи од стадиумот на ракот. Со третман, пет годишната релативна стапка на преживување за раните стадиуми на инвазивниот рак на матката е 92%, а вкупната (сите фази комбинирано) пет годишната стапка на преживување е околу 72%. Со лекување, 80 до 90% од жените со стадиум I на карцином и 50 до 65% од оние со стадиум II на рак преживуваат пет години по дијагнозата. Само 25 до 35% од жените со стадиум III на рак и 15% или помалку од оние со стадиум IV на рак преживуваат после пет години.

Според податоците на Меѓународната федерација на Гинекологија и Акушерство, преживувањето се подобрува кога радиотерапијата се комбинира со цисплатин хемотерапија. Како што ракот метастазира во другите делови на телото, прогнозата опаѓа драматично, бидејќи третманот на локалните лезии обично е поефикасен од третманот на целото тело, како што е хемотерапија.

Интервалот на проценката на пациентот по терапија е императив. Рекурентни карциноми на грлото на матката откриени во првата фаза би можеле да бидат успешно лекувани со операција, зрачење, хемотерапија или од комбинација од трите. 35% од пациентите со инвазивни цервикален карцином имаат постојана или рекурентна болест по третманот.