Лимфедема е долгорочна хронична состојба која настанува кога лимфната течност не може нормално да тече према срцето и се акумулира во ткивото. Ова доведува до отекување на рацете или нозете и настанува едем, односно хроничен оток. Овој оток е непријатен, болен и ја намалува мобилноста на екстремитетите.

Колку типови на лимфедема постојат?
Постојат два типа на лимфедема: примарна и секундарна лимфедема.
– Примарната лимфедема е вродена и настанува како последица на деформации на лимфните канали и јазли во телото.
– Секундарната лимфедема се стекнува во текот на животот, а причина може да биде операција, инфекција или тешка повреда. Во текот на операција на карцином на дојка често се отстрануваат и околните лимфни јазли со цел да се отстрани целиот малигнен тумор. Со ова доаѓа до промена на лимфниот систем и настанува собирање на вишок на течности и настанува лимфедема.
Како се лекува?
Со правилна грижа и терапија, лимфедемата може да се контролира и да им се овозможи кквалитетен живот на заболените. Златен стандард денеска во светот за лекување на лимфедема е таканаречена комплексна деконгестивна терапија. Тоа се постигнува со мануелна лимфна дренажа, поставување на компресивен завој и грижа за хигиената и негата на кожата. Сите типови на кожни инфекции мора да бидат санирани, бидејќи може да настане влошување.

Втора фаза е одржување. Кога отокот со мануелна лимфна дренажа е максимално намален, пациентот почнува да носи компресивна ракавица или чорапи. Компресивниот ракав/чорапа прават континуиран притисок, микро масажа, ја стимулираат активноста на лимфниот систем, го намалуваат отокот и не дозволуваат отокот да се шири. Редовен преглед на физијатар и редовно носење на компресивната ракавица/чорап и континуирана нега на кожата со PH неутрални сапуни и креми се задолжителни за успешен третман на лимфедема.

Преземено од Медикус Хелп