Хормонска терапија

Многу ракови на дојката, особено оние кои се со потекло од пост-менопаузални жени, одговораат на хормони. Овие ракови имаат рецептори на нивните клетки за хормонот естроген. Дел од постоперативното оценување на примарниот тумор е евалуација за присуство на естроген и прогестерон рецептори. Ако тие се присутни на клетките на ракот, менување на хормонскиот статус на пациентот ќе го забави растот на туморот и ќе има позитивно влијание врз преживувањето. Хормонскиот статус може да се смени со медикаментозна терапија. Лекот tamoxifen се врзува за рецепторите на естрогенот врз клетките на ракот, така што хормоните не можат да комуницираат со клетките и да го стимулираат нивниот раст. Ако пациентот ги има овие рецептори, тамоксифенот најчесто се препишува за пет години како додаток на примарниот третман. Кај жените чии канцерските клетки имаат естрогенски рецептори, tamoxifen ја намалува можноста за повторно појавување на рак на дојка за околу 50%.

Toremifene и fulvestrant се лекови слични на тамоксифенот кои ги таргетираат хормонските рецептори на клетките на ракот. Тие често се користат кога клетките на ракот не реагираат на tamoxifen. Покрај тоа,  група на лекови наречени инхибитори на ароматаза кои ги блокираат ензимите кои произведуваат естроген кај пост-менопаузални (но не и пред-менопаузални) жени се користат за да се третираат ран и доцно напреден рак на дојка. Овие лекови ги вклучуваат letrozole, anastrozole и exemestane. Користењето на овие средства ја намалуваат потребата за хируршко отстранување на хормон-продуцирачки жлезди, како што се јајниците или надбубрежните жлезди, што понекогаш се правело во минатото.