Најдобри шанси за успешно лекување на ракот на дојката е истиот да се открие што порано. Ракот на дојка е болест која е опасна по животот и точното дијагностицирање и соодветниот третман е од клучно значење за контрола на болеста. Опциите за третман вклучуваат хирургија, хемотерапија, зрачење, како и употреба на биотерапевтици.

Ракот на дојката се лекува на два начина, на локално ниво, за да се елиминираат туморските клетки од дојката со хируршки зафат и зрачна терапија, и системски, за да се уништат клетките на ракот кои допатувале во другите делови на телото. Системската терапија вклучува употреба на лекови за хемотерапија, хормонска терапија за да се намали количината на естроген што циркулира во крвта и биотерапевтици за таргетирање на залутаните клетки на ракот.

Зрачење

Како и хируршката терапија, терапијата со зрачење е локален модалитет – таа го третира ткивото изложено на неа, а не на остатокот на телото. Зрачење обично се дава пост-оперативно по заздравувањето на хируршките рани. Патолошкиот стадиум на примарниот тумор, сега е познат и помага во планирањето на третманот. Степенот на локалната хирургија, исто така влијае на планирањето. Зрачењето може да не биде воопшто потребно после изменета радикална мастектомија за стадиум I на болеста, но скоро секогаш се користи кога се изведува хирургија која ја штеди дојката. Ако туморот бил голем или ако повеќе јазли биле вклучени, областа на изложеното ткиво ќе се разликува соодветно. Зрачењето се користи како додаток на хируршката терапија и се смета за важен модалитет во стекнување на локална контрола на туморот. Употребата на терапија со зрачење не влијае врз одлуките за адјувантна терапија.

Зрачењето исто така има важна улога во лекувањето на пациентите со дисеминирана болест, особено ако го вклучува скелетот. Радиотерапијата може да врши контрола на болката и превенција на фрактурите во овие околности.