Терапија со зрачење, каде што високо-енергетски извори на јонизирачки зраци се насочени кон одредени делови од телото, како горниот дел на градите, стомакот, карлицата или вратот, често се користи за третман на лимфом. Терапија со надворешно зрачење со која зраците се насочени од извор надвор од телото, е најчестиот начин на терапија со зрачење. Трансплантација на коскена срцевина се тестира како опција на третман кога лимфомите не реагираат на конвенционалната терапија или кога пациентот има релапс или има повторувачки лимфоми. Постојат неколку начини на вршење на трансплантација на коскената срцевина. Во постапката наречена алогена трансплантација на коскена срцевина, срцевината на дарителот мора да одговара на онаа на пациентот. Донорот може да биде близнак (најдобро совпаѓање), брат, сестра или без крвно сродство. Големи дози на хемотерапија или зрачна терапијата се дава за да се искорени лимфомот. Коскената срцевина на донорот се дава за да ја замени сржта уништена од страна на терапијата. При автологна трансплантација на коскена срцевина дел од сопствената срцевина на пациентот се собира, хемиски се прочистува и се замрзнува. Коскената срцевина, која била собрана, пречистена и замрзната потоа се одмрзнува и се враќа во телото на пациентот за да се замени уништената срж.

Нова опција за пациенти со лимфом е периферна трансплантација на матични клетки. Во овој третман, матичните клетки (незрели клетки, од кои сите крвни зрнца се развиваат), кои нормално циркулираат во крвта се собираат, се третираат за отстранување на клетките на ракот и потоа се враќаат кај пациентот во процесот наречен леукофереза. Истражувачите откриваат дали овие клетки може да се користат за да се врати нормалното функционирање и развој на крвните клетки, наместо да се користи трансплантација на коскената срж.

Хочкиновата болест е една од најмногу излекуваните форми на рак. Тековните третмани се доста ефикасни, особено со рана дијагноза. Како и сите видови на рак, прогнозата за пациентите со лимфом зависи од стадиумот на ракот, возраста на пациентот и општата здравствена состојба. Кога сите различни видови и стадиуми на лимфом се земат во обзир заедно, само 50 % од пациентите преживуваат пет години или повеќе после иницијалната дијагноза. Тоа е затоа што некои видови на лимфом се поагресивни од другите типови. Стапката на преживување кај децата е дефинитивно подобра отколку кај постарите луѓе. Околу 90 % од децата дијагностицирани во ран стадиум на болеста преживуваат пет години или повеќе, а само 60-70 % од возрасните дијагностицирани со слабо диференцирани лимфоми преживуваат пет години или повеќе. Стапката на преживување кај децата со понапредна фаза е околу 75-85 %, додека кај возрасните е 40-60 %.