За  вежбата употребете  мека  топка         

Вежба  за  дишење

  • Длабоко вдишете на нос  и  полека  испуштајте го воздухот низ уста,
  • при видушување  исфрлете го стомакот  кон  надвор, при  издишување притиснете го стомакот  со раката  кон внатре
  • Повторете три  пати

Кружење со рамената:

  • Рацете опуштете ги покрај телото
  • Кружете со рамената кон назад пет пати
  • Кружете со  рамената кон напред  пет  пати

Тркалање топка:

  • Земете ја топката  пред себе,  рацете се  испружени
  • Притиснете ја топката  со  двете  дланки,  задржете неколку  секунди,  опуштете се и  повторете пет до  седум пати
  • Повторете ја вежбата  за  дишење

Стискање на  топката:

  • Топката ставете ја  на  колено
  • Стиснете ја со прстите на  здравата  рака,  малку  задржете ја  потоа  опуштете се
  • Повторете десет  пати
  • Истата вежба  повторете ја со  болната  рака

Притисок  со  прстот:

  • Притиснете го секој прст по ред  во  топката со  здравата  рака,  три пати
  • Истата вежба  повторете ја и со  болната  рака

Кружење со  топката  околу  телото:

  • Кружете со топката  околу  телото
  • Почнете со  здравата  рака,  зад грбот, прифатете ја  топката  со  болната  рака,  потоа  преку  стомакот  до  здравата  рака
  • Повторете во  секој   правец  по  три пати

Стискање  на топката  со  лактот:

  • Ставете ја топката  помеѓу телото  и  лактот на  свитканата  здрава  рака,  притиснете ја  топката  со  лактот,  задржете неколку  секунди  потоа  опуштете се  (повторете  десет пати)
  • Повторете ја  вежбата  на  болната  страна

Стискање на  топката со подлактицата:

  • Ставете ја топката во  јамата од лактото,  свиткајте ја  подлактицата и  притиснете ја  топката,  задржете  неколку  секунди,  потоа  опуштете се и  испружете ја  подлактицата (повторете  седум  пати)
  • Повторете ја вежбата на  болната  страна

Тркалање на  дланката  преку  топката:

  • Ставете ја дланката  од  здравата  рака  на  топката,  истегнете ја  преку  топката,  задржете ја,  повлечете ја  раката назад,  притиснете  надолу
  • Повторете десет  пати
  • Повторете ја вежбата  и  со  болната рака
  • Повторете ја вежбата со  дишење

Стискање  на  колената:

  • Ставете ја топката меѓу колената, рацете на  надворешната  страна  на  колената,  стиснете со  рацете  на  колената, задржете неколку  секунди  а  потоа  опуштете се
  • Повторете десет  пати

Стискање  на  топката

  • Топката ставете ја  на  колено,  стиснете  ја  со прстите  на здравата  рака,  малку задржете  потоа опуштете се
  • Повторете десет пати
  • Истата вежба повторете ја  и со  болната  рака

Стискање  на  топката  со  прстот

  • Втиснете го во  топката  секој  прст на  здравата  рака,  задржете  неколку  секунди,  потоа  опуштете се
  • Повторете ја вежбата  со  секој  прст  на  раката  три  пати
  • Истата вежба  повторете ја  со  болната  рака
  • Повторете ја вежбата со  кружење на  рамениците.
  • Повторете ја вежбата  со  дишење.