Секоја втора жена  барем еднаш во животот се запрашала дали нејзините гради се „ нормални“ , односно дали се просечни или се над просекот по пропорции, обликот или по други детаљи. Но, сепак на крајот, најважно е дали се здрави. 

– Кај поголемиот број на жени градите немаат еднаква големина, левата дојка е најчесто поголема од другата. Иако понекогаш станува збор за промена која едвај е видлива. Некогаш големината може да биде и  очигледна. 

– Влакненца околу брадавицата се сосем нормална појава , но се поизразени кај жени со полицистични јајчници или се поврзани со хормонална нерамнотежа.  Најдобро е да се скратат со ножички, а не да се корнат , за да не дојде до подкожно сраснување на влакненцето. 

 – Големината на градите нема никаква врска со големината на градавицата, се зависи од    генетиката, но и од количината на масното ткиво под дојките.  Жените со зголемена телесна теќина имаат поголеми гради и обратно, но не  е необично големи гради со мали брадавици и мали со големи. 

– Градите неможат да се зголемат на природен начин, но се вежбање на градните мускули ќе се постигне ефект на подигање со што ќе изгледаат поголеми. 

-Ако од брадавицата излегува течнот е нормално ако жената бремена или ако е родилка.. 

– Бојата на брадиците зависат од жена до жена , од светло розе до темно кафени. Со текот на стареењето брадавиците ја менуваат бојата и стануваат посветли. Бојата на браадавицата се менува  за време на бременост и доење. 

-Од  10 до 20 отсто одј  жените имаат една вовлечена брадавица и тоа не е проблем ако одсекогаш биле такви. 

-Топчиња во дојките не се ведаш знак за грижа, има голем број жени кои имаат цисти. Но ако се појавуваат нови  и чувствувате болка, би било убаво да посетите лекар. 

 

               ДА СЕ ЗНАЕ !

  • Се препорачува да се почне со годишни ултразвучни прегледи на дојка од 30  година.
  • Со мамографија се почнува меѓу 36 и 40 година и истата се повторува секои 2 години.
  • Редовните самопрегледи и редовните лекарски прегледи овозможуваат рано откривање на карцином на дојка и негово излекување.
  • 90 отсто од карциномите може да се излекуваат доколку рано се откријат.
  • Најважна улога во раното откривање на карциномот на дојката имаат самопрегледот и редовните лекарски прегледи