Биолошките лекови се третмани кои можат да им помогнат на пациентите со сериозни болести како што се рак и воспалителни болести. Сепак, тие се сложени и можат да бидат многу скапи и бараат многу време да се развијат.

Ова може да го ограничи пристапот на пациентите до таквите лекови да го отежне и финансиски да го оптовари здравствениот систем. Биолошки сличните лекови можат да го подобрат пристапот на пациентот до третманот бидејќи се очекува да бидат понудени по пониска цена.

Како се одобруваат биолошки слични лекови?

Одобрувањето на биолошки сличните лекови бара различни податоци во споредба со
други биолошки лекови. Целта на податоците е да покажат дека нема клинички
значајни разлики помеѓу биолошки сличните и референтните лекови (т.е. да
демонстрираат биолошка сличност).

Како и за било кој лек, придобивките од биолошки сличните лекови треба да се поголеми од ризиците пред да бидат одобрени за употреба.