Кои лица може да бидат вакцинирани?
Препорачано е да се вакцинираат девојчиња на 12 годишна возраст, како и момчиња на 14 годишна возраст од речиси сите национални здравствени организации, СЗО и комитети за борба против ракот (со тоа што во некои земји возраста може да варира).
По најновите препораки кај жените е можна вакцинација до 45 годишна возраст.
И покрај тоа што пациентката може да е заразена со некој од ХПВ типовите кои ги содржи вакцината, се препорачува вакцинација со цел создавање на имунитет против другите ХПВ типови содржани во вакцината.

Зошто е неопходно вакцинирањето против ХПВ?
Од секогаш, од првата вакцина имало одредени групи на луѓе или поединци кои од различни причини биле против вакцините. Вакцината против ХПВ, како што велат поголем број од научниците, допира до неколку чувствителни сфери: рак, сексуалност, религија и политика. Меѓутоа, таа е осведочена како средство за спречување т.е. намалување не само на инциденцата на ракот на грлото на матката, туку и на други видови на рак.
ХПВ вакцината е влезена во сите учебници во светот како пример за примарна превенција на рак на грло на матката, а секундарни се Папаниколау тестот и ХПВ типизацијата.

Има ли информации какви се искуствата во Европа или во светот за ХПВ вакцинирањето ?

Покриеноста со ХПВ вакцинирање во развиените земји на Европа и светот се движи близу 100% (Швајцарија, Норвешка, Шведска и др.). За разлика од тоа, во нашата земја највисоката покриеност (само кај девојчиња) од 65% беше достигната во една од изминативе години. Потребно е да се работи на подигнување на свеста и објаснување на бенефитите од вакцините.