Многу често се зборува дека зголемената ициденца на канцер се должи на три фактори :
Иако горенаведените аргументи се вистинити, тие најчесто се користат за да се убедат луѓето. Постојат одредени статистики кои овие факти не ги земаат во предвид. Како на пример, фактот дека живееме подолго не ја оправдува зголемената ициденца на педијатриски канцер помеѓу младата популација. Фактот дека жените раѓаат во своите подоцнежни години може да има влијание врз бројката на заболени од рак на дојка, меѓутоа не го објаснува 200% зголемување на ракот на простата во САД во периодот помеѓу 1978 и 2000 год, ниту пак 258% зголемување во одредени европски земји во истиот период. И на крај, подобрените скрининг методи, го оправдуваат фактот дека голем број на канцери се откриваат во раната фаза на развој, меѓутоа не дава објаснување за зголемената инциденца на канцери за кои не се прави рутински скрининг (како канцер на панкреасот, белите дробови, мозокот, тестисите и лимфомот). Дискутабилно е дали зголемената инциденца на канцер насекаде низ светот се должи на променета животна средина. Притоа овде не се мисли на промени на средина како на оние кои предизвикуваат глобално затоплување, туку на промени во човековите навики на живеење. Генералниот директор на Светската Здраствена Организација донесе заклучок дека “околу 80% од канцерите може да се појават под дејство на екстерни фактори како што се животниот стил и животната средина.“ Што се има променетo во последниве децении? Д-р. Servan-Schreiber спомнува три важни точки :
Што можеме да направиме во врска со сето ова ? “Не можеме да очекуваме политичарите или пак идустријалците да ги донесуваат важните одлуки во наша полза. Ако чекаме епидемиолозите да бидат “сигурни” побрзо ќе умреме. Од друга страна сите ние имаме можност самите да превземеме одредени мерки на претпазливост. Можеме да одберме што консумираме. Покрај обидот за промена на начинот на кој се произведува храната, можеме да започнеме со сопствена заштита, преку одбирање на тоа што јадеме. Ја предлагаме следната табела:
|
|||||||||||||||||||
Антиканцер Храна | |||||||||||||||||||
Одредена храна во западниот свет се смета за канцерогена. Како резултат на тоа се препорачува да се применува “антиканцер исхрана”. Оваа исхрана примарно се состои од зеленчук (како и зрнест зеленчук) придружено со маслиново (канола или ленено семе) масло, органски путер, тревки и зачини. Исто така во предвид доѓаат и месото и јајцата, а исто така постоi и листа на храна која може да помогне во борбата против ракот:
|
Антиканцер размислување |
Студиите покажале дека голем дел од жените кои имаат дијагностицирано рак на дојка се убедени дека нивната болест се јавила како резултат на одредена стресна ситуација во нивниот живот, како абортус, развод, болест на нивното дете, загуба на работа итн. Лекарите, исто така, уште оддамна ја асоцираат појавата на канцер со психолошки стрес. Меѓутоа постојат голем број на контрадикторни студии, поради што онколозите до ден денес не можат да се усогласат дали сами на себе си ја наметнуваме појавата на канцер.Она што е сигурно е дека ниту еден психолошки фактор досега не е идентифициран како способен да самостојно предизвика појава на канцер. Меѓотоа, одредени рекции на психолошки стрес можат значајно да влијаат врз клетките каде се јавил канцер. Стресните ситуации сами од себе не предизвикуваат рак, меѓутоа имаат влијание врз неговото побрзо ширење. Најновите студии укажуваат на тоа дека стресот сам по себе не предизвикува канцер, меѓутоа перцепцијата за изгубена контрола или беспомошност која се јавува кај пациентот влијае врз реакцијата која телото ќе ја има кон болеста.
Биолошкото објаснување за негативниот ефект на стресот врз развојот на канцерот се поврзува со ослободувањето на хормони. Познато е дека стресот предизвикува ослободување на хормони кои активираат одредени одбрамбени системи во човековото тело – како на пример се јавува одговор на инфламација, со што се олеснува растот и ширењето на туморот. А во исто време стресот ги одлага одредени физиолошки функции како што се дигестијата, репарацијата на ткивата и имуниот систем . Што можеме да превземеме во врска со стресот ? Д-р. Servan Schreiber, предлага да пробаме да се ослободиме од стресот со јога, медитација, квигонг или некој вид на вежби за контрола на дишење. Друго очигледно решение е да се придружите кон групи за подршка. |
Антиканцер тело |
На канцерот не влијае само нашата животна средина, исхрана или размислување; нашето тело исто така игра есенцијална улога не само во излекувањето, туку и во процесот на опоравување од него како и во спречувањето за повторно појавување. Во изминати студии лекарите посведочиле за постоењето на разлика помеѓу пациентите кои вежбаат и оние кои не вежбаат, по однос на опоравување и рекуренција. Има случаи каде пациентите продолжиле со живот иако лекарите им дале многу мали шанси за преживување. Сепак ова се изолирани случаи, сигурно и други фактори одиграле улога во нивното опоравување; начинот на кои овие индувидуи воделе сметка за кондицијата на своето тело сигурно имал позитивен ефект врз нивното опоравување и преостанати години.Терапија со масажа
Се поголем број на лекари ја согледуваат и важноста на терапијата со масажа во процесот на опоравување на пациентите со канцер. Во понови експериментални истражувања на мали стаорци кои биле изолирани од нивната мајка при раѓање, се докажало дека отсутноста на физички контакт предизвикала одговор на организмот при кој телесните клетки буквално одбиле да се делат и растат. Во секоја клетка, делот од геномот кој е одговорен за продукција на ензимите кои се потребни за раст, не бил повеќе експресивен, со што целиот организам западнал во некаква форма на хибернација. Но кога лекарите го погалиле грбот на малиот стаорец, со мокра четкица, за да се имитира начинот на кој мајката стаорец регира на повикот на нејзините мали, веднаш се поттикнала продукција на ензими, а со тоа и раст. Оваа студија покажала дека внимателен физички контакт, како на пример масажа која се изведува со најдобра намера, најверојатно ја стимулира животната сила кај луѓето, не само на емоционално ниво, но и на биолошко ниво во самите клетки. Друг експеримет изведен во друг институт покажал дека 30 мин масажна терапија во рок од три недели предизвикала намалување на продукцијата на стрес хормони а се зголемил процентот на NK клетки кај жени со рак на дојка. Овие жени исто така биле посмирени и чуствувале многу помала физичка болка после само првата сесија. Физички Вежби Покрај масажата, физичкиот тренинг претставува друг начин на кој можеме да го зацврстиме нашето тело пред и по лечењето. Постојат голем број на механизми преку кои со вежбање се подобрува целокупната физиологија :
ВНИМАНИЕ: Одредени вежби можат да бидат опасни! Некој канцери може да се јават на одредени делови од телото кои се поактивни за време на вежбање со што одредени вежби претставуваат опасност (како на пр. движење на рацете после оперативен зафат на пазувите, џогирање кај особи кои имаат метастази во коските итн.). Многу е важно пред да започнат со вежбање пациентите да се консултираат со нивниот онколог за тоа кои вежби најдобро би одговарале и не би биле опасни за нивната состојба. . |
O коментари