Ацерола (Malphighia glabra) е овошно дрво кое расте до пет метри висина и дава плодови во вид на светлоцрвени цреши. Таа е позната и како индијанско црешово дрво. Зрелите плодови се сочни и меки и имаат пријатен остар вкус. Природно расте во Северна, Јужна Америка, Барбадос и Јамајка.
Ацерола е еден од најбогатите природни извори на витамин Ц. Најновите клинички истражувања покажуваат дека оваа цреша содржи осум пати повеќе витамин Ц од портокалот. Овој витамин бавно се разградува во организмот бидејки е во ретардна форма што овозможува долготрајно снабдување на организмот со потребните дози на витамин Ц. Ацеролата исто така содржи два пати повеќе магнезиум, пантотенска киселина и калиум од портокалот. Исто така содржи и витамин А (408-1000 ИЕ во 100 грама), тиамин, рибофлавин и ниацин.
Според анализите извршени во Технолошкиот институт на Масачусетс овошјата растени на Барбадос содржат 4500 мг аскорбинска киселина во ретардна форма (зелени), 3300 мг. (средно созреани), 2000 мг (многу созреани). Нивото на аскорбинска киселина во зелените цреши доаѓа до 4676 мг. во 100 грама.
Екстрактот од Ацерола се употребува против настинки, грип, воспаленија, како стимуланс за црниот дроб, диуретик, ја подржува работата на срцето и помага во оздравувањето на раните. Се користи исто така и за анемија, дијабетес, висок холестерол, проблеми со црниот дроб, ревматизам, туберкулоза, надворешни рани, отоци и помага за зајакнување на имуниот систем и генералното закрепнување на организмот.
Употребата на Ацерола главно се базира на нејзината висока концентрација на витамин Ц, кој што во алтернативната медицина се користи како моќен антиоксидант.
Ацерола исто така содржи минерални соли кои помагаат во ревитализирањето на уморната и стресна кожа, го забавува стареењето на клетките, ги одржува капиларите и содржи протеини кои ја хидрираат кожата.
Дејство и употреба:
– Антиоксидантно – има природна висока концентрација на витамин Ц и се бори против слободните радикали;
– За грипови и настинки, кашлица и воспалено грло – го јакне имунолошкиот систем;
– За хранење и нега на кожата – го забавува и нејзиното стареење поради нејзината богата витаминска содржина;
– Како кардиотоник – го зајакнува срцето и го одржува во здрава состојба;
– Има антивоспалителни и антигабични ефекти;
– Има диуретични способности и се користи против дизентерија, треска и дијареа;
– Го намалува високото ниво на холестерол и триглицериди во крвта;
– Генерално го подобрува и го одржува во оптимална функција здравјето на целиот организам.
O коментари