Ацидофилусот е природен производ кој настанува со ферментација на млекото со помош на една од најмоќните пробиотски бактерии наречена Lactobacillus acidophilus.

Lactobacillus acidophilus преставува природна непатогена бактерија која има широк спектар на дејство со кој го блокира растот и развојот на патогени бактерии и габи (Salmonellae, Shigellae, Esherichia coli и други ентеропатогени бактерии, Candida albicans) во цревата и слузницата.

Ацидофилусот ја помага дигестијата и овозможува одржување на нормален баланс на цревната микрофлора. Тој помага во создавањето на некои Б витамини како што се биотинот и фолната киселина.

Ацидофилусот се населува во гастроинтестиналниот тракт каде што ја подобрува целата цревна микрофлора и делува на многу заболувања каде што е ослабена отпорноста на организмот.

Ацидофилусот содржи ензим наречен лактаза и поради ова својство можат да го користат и луѓе кои се алергични на лактоза (млечен шеќер).

Добар извор на Lactobacillus acidophilus е ферментираната храна како што е пробиотскиот јогурт кој содржи живи култури.

a

Употреба:

– Кај цревни пореметувања и потешкотии во варењето (дијареа, надуеност, опстипација, колитис, Helicobacter pylori);

– Кај пореметување на дигестијата предизвикано од стрес, неправилна исхрана, диети и сл.;

– Кај оштетувања на цревната флора предизвикани од употреба на антибиотска терапија;

– За општо подобрување на здравствената состојба на организмот и зајакнување на имунитетот (различни вирусни и бактериски воспаленија, алергии и сл.);

– За превенција и третман на вагинални, орални и гастроинтестинални габични инфекции;

– За превенција и третман на уринарни инфекции предизвикани од E. Colli.