
Почитувани, Розовиот Каран 2014 продолжува. Здружението за борба против рак „БОРКА за секој нов ден“ во соработка со Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја продолжува кампањата за подигање на свеста на ракот на дојка.
На 15 Декември (Понеделник), во Струмица, со почеток во 18:30ч. Во просториите на Дом на АРМ, ќе се одржи предавање на кое свои обраќања ќе имаат:
· Биба ДОДЕВА, Претседател на „Борка-за секој нов ден“
· д-р Митко КАРАЃОЗОВ торакален хирург, КБ Аџибадем Систина
· д-р Дева ПЕТРОВА, онколог, КБ Аџибадем Систина
· Жаклина ЈОВАНОВСКА, претставник на Медикус Хелп, Скопје
Предавањето е од голема важност како за заболените од рак, така и за сите потенцијални пациенти на кои ќе им бидат презентирани најновите сознанија и инфорамции за ракот и достигнуваата во оваа област. Со тоа ќе ја подигнеме свеста за ракот како потенцијално излечива болест, доколку се открие навреме.
Ве очекуваме!
Тимот на БОРКА
O коментари