Почитувани,
Ве известуваме дека по повод одбележувањето на Европската недела за превенција од рак на грлото на матката 23-29 Јануари 2012 година, Здружението „ Борка- за секој нов ден“ во соработка со Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, организира Јавна Расправа на 25 јануари 2012 година (среда), со почеток во 10.00 часот, во Сала Борис Трајковски, Собрание на РМ.
ПРОГРАМА
Јавна расправа на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на РМ, 25 јануари 2012 година, на тема:
“Превенција од рак на грлото на матката – македонско и европско искуство”
10.00 – 10.15 Поздравни обраќања
– г-ѓа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во Собранието на РМ
– г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак “Борка”
– г-дин Никола Тодоров, Министер за здравство на РМ
10.15 – 10.45 Воведни излагања
– Др.Јованка Костовска, Раководител на секторот за превенција во Министерството за здравство на РМ
– Асс.Др.Мр.Горан Димитров, Претседател на здружение за ХПВ на Македонија.
– Др.Марија Кишман, Шеф на канцеларијата на Светска здравствена организација во Македонија
10.45 – 11.30 Дискусија
Со почит,
Тимот на Борка – за секој нов ден
O коментари