Со тестот за проверка на прикриено крварење во изметот (FOBT тест) може да се откријат минимални количества на крв во вашиот измет. Ракот на дебелото црево може да се развие брзо без никакви рани знаци на предупредување или симптоми. Ракот може да расте на внатрешниот ѕид на цревото многу години пред да се открие. Често, мали количини на крв може да истекуваат од овие израстоци и да се исфрлаат во изметот. Тестот се состои од земање на примероци од две или три засебни празнења на изметот со комплет за проверка. Примероците се земаат од неколку празнења на изметот, така да постои поголема веројатност да се откријат било какви проблеми. Овие примероци се анализираат во патолошка лабораторија и ако се открие крв, може да биде потребно да се направат понатамошни испитувања.
FOBT-тестовите не се најсигурни дијагностички тестови за проверка за рак на дебелото црево, но моментно тие се најдобро испитани, најевтини и најприфатливи тестови за проверка. FOBTтестот исто така не е болен (со вметнување на инструмент во организмот), во споредба со колоноскопијата и сигмоидоскопијата.
Дали секој може да го направи FOBT-тестот?
Се препорачува лицата кои немаат семејна историја или симтоми на рак на дебелото црево да го прават FOBT-тестот еднаш секои две години откако ќе наполнат 50 години.
Некои лица може да бидат изложени на поголем ризик да заболат од рак на дебелото црево, особено лицата со:
• Претходна историја на полипи на цревото.
• Претходна историја на рак на дебелото црево.
• Хронична воспаление на цревата (т.е. Кронова болест).
• Голема семејна историја на рак на дебелото црево.
• Семејна аденамотозна полипоза или наследен неполипозен колоректален рак.
• Зголемена концентрација на инсулин или шеќерна болест.
Ако сте изложени на зголемен ризик, треба да разговарате со вашиот доктор за можностите за надгледување.
Имунохемиски FOBT-тест за откривање на болеста (’Detect’ immunochemical FOBT) го произведува Bayer.
Негативните резултати од тестот значат дека во примерокот што сте го доставиле не е пронајдена крв. Тоа не значи дека немате рак на дебелото црево или дека во во иднина нема да заболите од истиот. Лицата кои ќе добијат негативни резултати од тестот треба повторно да се тестираат после две години. Ако резултатите од FOBT-тестот се позитивни, тоа значи дека во примерокот е откриена крв.
Еден од секои 14 лица добиваат позитивни резултати од FOBT-тестот. Крварењето може да биде предизвикано од повеќе работи, вклучувајќи полипи, хемороиди или воспаление и тоа не мора да е поврзано со рак. Меѓутоа, крварењето треба да се испита и ако се открие крв, треба да го контактирате вашиот доктор да разговарате за резултатите и кои тестови понатаму ќе треба да ги направите.
Марија Тасев
1 коментар
Овој тест достапен е кај нас?
И кој мож да го препише?