Пектинот од грејпфрут е природна супстанца која е екстрахирана од пулпата и кората на грејпфрутот. Грејпфрутот е вид на јужно овошје кое е богато со витамини и минерали во кои спаѓаат: витамин Ц, бета каротен (кој во човековото тело се трансформира во витамин А), калиум, калциум, железо, како и важни нутриционистички и хемиски состојки во кои спаѓаат: биофлавоноиди, цитрична киселина, ликопен и лимоноиди. Ликопенот е вид на каротеноид кој има антиканцерогена активност и најголема моќ во борбата со слободните радикали.
Oва овошје е исто така богат природен извор на растворливи растителни влакна кои создаваат чувство на ситост и го намалуваат апетитот поради што грејпфрутот првенствено се користи за согорување на масните наслаги кај сите оне кои сакаат да ја намалат на телесната тежина.
Екстрактот од грејпфрут исто така помага во намалувањето на нивото на холестеролот и тригицеридите во крвта во нормални граници и го регулира шеќерот во крвта.
Ова јужно овошје го одржува и здравјето на дигестивниот систем, помага во превенцијата на артериосклеротичните промени (го намалува ЛДЛ холестеролот и триглицеридите), ги превенира кардиоваскуларните заболувања и го детоксифицира организмот.
Покрај овие својсва, грејпфрутот има антибактериско, антипаразитско и антисептичко дејство, а помага и при настинки, слабеење, камења во бубрезите, чир на желудникот и сл.
Грејпфрутот го одржува и здравјето на дигестивниот систем, ја стимулира перисталтиката на цревата со што помага при констипација, а исто така има и антисептички и диуретски ефекти.
Грејпфрутот е одличен извор на витамин Ц, со што го помага имуниот систем, се бори против воспалителните процеси и слободните радикали.
Истражувањата покажуваат дека пиењето ½ до 1 литар џус од грејпфрут дневно, ја менува Ph вредноста на урината и го зголемува излачувањето на цитрична киселина и на тој начин го намалува ризикот од настанување на камења во бубрезите.
Грејпфрутот исто така ја зголемува продукцијата и активноста на детоксифицирачките ензими на црниот дроб, кои се одговорни за елиминација на токсичните материи од организмот.
Употреба:
– Го намалува апетитот;
– Помага во разградување на масните наслаги;
– Ги превенира артериосклеротичните промени;
– Помага во детоксификација на организмот и исфрлање на вишокот на течностите;
– Го намалува ризикот од настанување на бубрежни камења;
– Ја превенира појавата на егзем на кожата и др.
O коментари