Различните хемотерапевтски лекарства предизвикуваат различни несакани ефекти. Важно е да запаметите дека скоро сите несакани ефекти се само краткотрајни и постепено ќе исчезнат по завршување на лекувањето. Основни делови од телото кои може да бидат засегнати од хемотерапијата, се оние каде што клетките брзо се делат – како мукозна мембрана на устата, хранопроводниот систем, кожата, косата и коскената срж (спонгиозното ткиво, кое ги исполнува коските и произведува нови крвни клетки). Ако сакате да знаете повеќе за несаканите ефекти кои може да се појават од хемотерапијата, трба да го прашате Вашиот лекар или медицинска сестра кои знаат точно какви лекарства земате. Се разбира, ако Вие решите, ние од „Борка‘‘ секогаш сме подготвени да ги споделиме нашите искуства и знаења со Вас. Иако несаканите ефекти од хемотерапијата може да бидат непријатни, не треба да се преценети, во однос на предностите од лекувањето. Доколку сметате дека лекувањето или несаканите ефекти ви ја влошуваат состојбата повеќе од очекуваното, веднаш обратете се до Вашиот лекар. Тој би можел да препише други лекарства за да се надминат несаканите ефекти од лекувањето. Ако има потреба тој дури може да направи промени во лекувањето.
  • Опаѓање на косата – Целосно или делумно опаѓање на косата може да настане кај некои хемотерапевтски лекарства и може да предизвика големо емоционално страдање. Тие несакани ефекти зависат како од лекарствата и дозата, така и од индивидуалната реакција на лекарствата. Некои лекарства не предизвикуваат да има опаѓање на коса или пак тоа е толку мало, што и не се забележува. Ако се појави опаѓање на коса, тоа најчесто е до неколку седмици (најчесто две) по започнување на лекувањето, но во некои случаи може да биде и по неколку денови. Влакната под пазувите, по телото и пубичните влакна исто така може да исчезнат. Некои лекарства може да предизвикаат опаѓање и на трепките и веѓите. Но, немојте да се плашите, по завршување на лекувањето, косата, веѓите и трепките ќе се обноват.

  • Влијание на физичката состојба – повраќање, замор, вртоглавица, гадење, дијареја. Кога сте подложени на хемотерапијата, после извесно време може да се почувствувате многу заморени и да имате општо чувство на слабост. Важно е да си дадете време за одмор. Заморот ќе се намали постепено по завршување на хемотерапијата, но некои луѓе чувствуваат дека се уште се заморени, една или повеќе години после хемотерапијата. Некои хемотерапевтски лекарства може да направат да се чувствувате лошо да ви се гади или да повраќате. Многу луѓе не повраќаат, но за оние кај кои тоа се случува, постојат ефективни начини на лекување тоа да се спречи и да се контролира. Вашиот лекар може да ви препише лекарства против повраќање (антиеметици) за намалување или запирање на овој несакан ефект. Антиеметиците може да се даваат со инјекција, заедно со хемотерапијата како и таблети кои се земаат во домашни услови. Стероидите исто така може да бидат корисни за намалување на гадењето и повраќањето. Дадени на ваков начин, тие го намалуваат чувството на гадење и намалување на апетитот. Некои хемотерапевтски лекарства може да влијаат на слузокожата на хранопроводниот систем и да придонесат за дијареја на неколу денови. Некои други лекарства (кои се даваат за контролирање на гадењето) може да предизвикаат запек. Ако одите во тоалет, три-четири пати, а столицата ви е мека или течна, мора да преземете соодветни мерки. При запек може да користите лекарства кои ќе ви помогнат, но по консултација со лекар.
  • Промени на вкусот – Хемотерапијата може да предизвика промени на вкусот т.е храната може да е пресолена, погорчлива или да е со метален вкус. Нормалниот вкус ќе се врати по завршување на хемотерапијата.
  • Ефекти на крвниот систем – Хемотерапијата може да го намали бројот на крвните клетки кои ги прозведува коскената срж. Коскената срж е спонгиозно ткиво, кое ги исполнува коските и содржи матични клетки, кои нормално се развиваат во три вида на крвни клетки и тоа : Клетки кои се создаваат во коскената срж, бели крвни клетки од важно значење во борбата со инфекции, црвени крвни клетки кои содржат хемоглобин за пренесување на кислород низ телото како и тромбоците кои го помагаат засирувањето на крвта и спречуваат крвавење.
Бели крвни клетки – Ако бројот на овие клетки во крвта е понизок, ќе имате поголема склоност за инфекции, бидејќи тие не можат да се спротивстават на бактериите. Крвните клетки обично се на најниско ниво од седмиот до 14-от ден од примање на хемотерапијата, но тоа може да варира од видот на хемотерапија.
Црвени крвни клетки – Ако нивото на овие клетки (хемоглобинот) е низок во вашата крв, може да станете многу уморни и летаргични. Тоа е така, затоа што нивото на кислород кое се пренесува во телото е ниско и може да доведе до задишување. Тоа се симптоми на анемија – недостаток на хемоглобин во крвта. Луѓето со анемија може да се чувствуваат замаени, со вртоглавица и болки во мускулите и телото. Доколу е потребно може да се даде трансфузија на крв. Дополнителните црвени крвни клетки многу брзо ќе го подигнат нивото на кислород во белите дробови и ќе го разнесат низ телото. Ќе се почувствувате поенергично и задишувањето ќе го снема.
Тромбоцити – Ако бројот на тромбоцити во крвта е низок, можете лесно да добиете модринки под кожата, да имате крвавење од носот или пообилно да крвавите при најобични мали повреди или исекотини. Ако имате какво и да е необјасниво крвавење или модринки, неопходно е да се јавите на лекарот или во болница. Може да биде потребно да одите во болница на трансфузија на тромбоците. Тромбоцитната маса се дава во вена преку инфузија, капка по капка. Тромбоцитите ќе почнат да спречуваат настанување на модринки и на крвавењето. Ако тромбоитите се ниски, внимавајте да не се повредите.