Tри лековити јапонски печурки – Шитаке, Маитаке и Реиши т.н. медицински печурки веќе илјадници години се користат во традиционалната медицина на азиските народи, изобилуваат со витамини (Ц и Б – Комплекс), протеини и есенцијални аминокиселини, растителни влакна, калциум, железо и други минерали.
Шитаке печурките (Lentinula Edodes) природно растат на кората на шумските дрвја во Јапонија, Кореја и други азиски земји, но поради нивната широка медицинска примена комерцијално се одгледуваат во САД и ширум светот. Тие содржат изобилство на протеини, јаглехидрати, растителни влакна и есенцијални витамини и минерали, поради што се препорачуваат како додатен медицински третман на Хепатит Б, стомачен канцер, инфекции со ХИВ, кардиоваскуларни заболувања и сл.
Маитаке (Grifola Frondosa) е вид на лековита печурка која расте во северните делови на Јапонија каде со векови е позната како „печурка на виталноста”. Во модерната алтернативна медицина, оваа печурка е позната по своите имуностимулативни, антиканцерогени, антистресогени и антивирални својства, поради што се препорачува за третманот на автоимуни, карциногени, алергиски и системски заболувања.
Реиши (Ganoderma Lucidum) е вид на јапонска црвена печурка која е широко позната по лековитите својства- отстранување на хроничниот замор и слабост, несоница, кашлица и сл. Таа содржи неколку важни хемиски состојки во кои спаѓаат: полисахариди, тритерпени, манитол и сл. Оваа печурка е посебно корисна за асматични состојби, хроничен бронхитис и други респираторни заболувања; помага и при состојби на висок крвен притисок, холестерол и триглицериди и сл.
Примена:
– Имаат антиканцерогени способности и се користат во третманот на локализирани и метастазирани тумори;
– Го зајакнуваат имунитетот и подобруваат кардиоваскуларното здравје;
– Го штитат организмот од вируси, бактерии и габи;
– Имаат антивоспалителни дејства и се борат против алергиите;
– Помагаат во балансирањето на нивото на шеќерот во крвта;
– При зголемено ниво на холестерол и триглицериди во крвта;
– При асматични состојби, бронхитис,кашлица и други респираторни заболувања;
– Помагаат во ревитализација и детоксификација на организмот.
1 коментар
Pozdrav do site
Ve molam da mi kazete dali nekoj ima iskustvo so ovie preparati na baza na pecurki koi uspeale da pomognat vo lekuvanje na heliobakter ili da mi dadete sovet za nekoj drug lek.
Blagodaram