Опис

Кaфеинот е супстанца која стимулативно делува на централниот нервен систем. Кaфеинот го има во кафето, во различни видови на чаеви, чоколадо и некои од безалкохолните пијалаци. Исто така е дел од состојките на некои лекарства, како на пример некои анелгетици, лекарства за мигрена и антихистаминици.

img_tools.php

Употреба

Кaфеинот ги прави лугето да се чуствуваат будни и помалку поспани, а воедно ја подобрува координацијата. Понекогаш кaфеинот се вклучува во диетите на спортистите со цел да се подобрат нивните физички перформанси.

Едно испитување покажало дека, постари луге кои наутро пиеле кафе имале помалку проблеми со меморијата во текот на денот. Кaфеинот комбиниран со некои други аналгетици ефикасно се користи во третманот на мигренозни главоболки, бидејќи им помага на овие лекови побргу и поефективно да делуваат. Тој исто така се користи во комбинација со антихистаминици за да ја намали поспаноста предизвикана од овие лекови. Кaфеинот се користи и при третман на некои други состојби, вклучувајки ги проблемите со дишењето кај новородените и доенчињата после некој хируршки зафат.

Препарати

Дневната доза на кaфеин внесена преку медикаментите  кои се издаваат без рецепт не треба да е повеќе од 100 – 200 мг. на секои три до четири часа, дневно, за возрасни и деца постари од 12 години. Кај таблетите со продолжено дејство дозата е 200 – 250 мг. еднаш дневно, и не треба да се земаат помалку од шест часа пред спиење. Кaфеин таблети не се препорачуваат кај деца помали од 12 години.

Мерки на претпазливост

Треба да се избегнува прекумерно земање препарати на кaфеин кои се издаваат без рецепт и да се внимава колку се внесува кофеин во форма на кафе, чај и пијалоци. Кaфеинот не може да го замени сонот и затоа не треба да се користи постојано како сретство за да се биде буден, затоа што може да доведе до сериозни нарушувања на спиењето, како на пример инсомниа.

Луѓето кои користат големи количини на кафеин во подолг временски период развиваат толеранција кон истиот. Во тој случај нив им се потребни се поголеми дози на кафеин а тоа доведува до зависност, па доколку лицето наеднаш престане да конзумира кафеин, се јавуваат сиптоми на апстиненција, како главоболки, замор, поспаност, прозевање, иритабилост, повраќање. Овие симптоми можат да траат и по една недела.

Доколку кафеинот се зема непосредно пред легнувањето, може да предизвика нарушување на сонот.

Во народот е познато дека кафето помага за отрезнување, но тоа не е точно, напротив, комбинацијата на кафеин и алкохол предизвикува наузеа и повраќање.

Постарите лица можат да бидат посензитивни на кафеин, и затоа поверојатно е кај нив да се јават одредени несакани дејства, како иритабилност, нервоза, анксиозност и проблеми со спиењето.

Исто така, според некои испитувања, треба да се води сметка за внесот на кафеин кај лица со инсулин зависен дијабетес, затоа што кафеинот ја намалува сензитивноста на инсулинот за 15 %.

Сите кои имаат алергии на храна, бои, конзерванси или други компоненти како аминофилин, дифилин, теофилин, треба да се консултираат со лекар пред да почнат со употреба на кафеин.

За време на бременоста, кафеинот може да премине и во циркулацијата на фетусот. Иако нема докази дека кафеинот предизвикува аномалии на фетусот кај луѓето, докажано е неговото несакано делување на фетусот кај лабараториски животни на кои им се давани многу високи дози на кафеин, кои се еднакви на околу 12 до 24 чаши кафе. Кај лугето постојат докази дека дози на кафеин поголеми од 300 мг во текот на денот можат да предизвикаат проблеми со срцевата работа на фетусот па дури и абортус.

Исто така и жени кои дојат треба да внимаваат на внесот на кафеин. Бебиња чии што мајки внесуваат кафеин повеке од 600 мг на ден имаат проблеми со спиењето и се иритабилни.

Кафеинот може да предизвика проблеми кај луге со следниве медицински состојби: пептичен улкус, срцеви аритмии, прележан срцев инфаркт, висок крвен притисок, инсомниа. анксиозност, агорафобија (страв од отворен простор) и ПМС.

123

Несакани ефекти

Во граници на препорачаните дози, кафеинот може да предизвика иритабилност, нервоза, главоболка, вртоглавица и повраќање. Во повисоки дози од препорачаните, можно е да предизвика агитација, анксиозност, конфузност, сензации на светкање во очите, невообичаена сензитивност на допир и на други сетила. зуење во ушите, често мокрење, мускулни контракции и тремор, аритмија,  црвенило на лицето и конвулзии.

Инетракции

Употребата на кафеин со други лекарства може да предизвика несакани и можни сериозни ефекти. Одредени лекови интерферираат со метаболизмот на кафеинот во телото, како на пример, орални контарцаптиви кои содржат естроген, мексилетин (антиаритмик), циметидин, дисулфирам, пропранолол и квинидин.

Кафеинот има влијание и врз абсорпцијата на железото, па затоа лицата кои користат суплементи на железо треба да ги земаат барем еден час пред или два часа после употребата на кафеин.

Сериозни несакани ефекти можат да се јават доколку кафеинот се зема во кобинација на фенилпропаноламин (деконгестив), во вид на покачен крвен притисок. Исто така многу сериозни проблеми со срцето можат да се јават во комбинација со МАО инхибитори. Овие лекарства се користат за третман на Паркинсонова болест, депресија како и некои други психијатриски состојби.

Лицата кои користат кафеин треба да се консултираат со лекар или фармацевт за тоа кои средства можат да предизвикаат сериозни несакани дејства доколку се употребуваат заедно со кофеинот.

Исто така и лица кои користат стимуланси на ЦНС треба да внимаваат при употреба на кафеин, затоа што и тој самиот е стимуланс.