Босвелија и Куркумин – лековити билки кои што во Ајурведската медицина се користат како суплементи за зачувување на здравјето и третирање на одредени болести.
Босвелија е растение кое води потекло од Индија, од области во Северна Африка и Блискиот Исток. Од ова растение се користи смолата како екстракт. Куркуминот е растение од групата на ѓумбир од кое се добива индискиот зачин со жолтеникава боја кари ( т.н. златен зачин) кој се користи како додаток во исхраната.
Старите Хиндуси ги користеле како лек кај повеќе заболувања како што се: артритис, разни инфекции, проблеми со дигестивниот тракт, психофизички проблеми, малигни заболувања, проблеми со респираторниот тракт, ревматични тегоби, промени на кожата, заболување на црниот дроб (жолтица), како и одржување на животната енергија.
Карактеристики:
Екстрактите на смола од растението Босвелија содржат антиоксиданси, бета кето- и ацетил кето-босвелија киселини кои што имаат антиинфламаторно и антиканцерогено дејство. Мали дози од Босвелијата имаат хепатопротективно дејство. Оваа билка има антиревматично дејство слично на аспиринот и бруфенот со таа разлика што може да се користи подолг временски период и без штетни последици на желудникот како витален дел од дигестивниот тракт.
Куркуминот е богат со антиоксиданси кои што имаат слично дејство како и босвелијата. Антиоксидансите покрај другото делуваат и на тој начин што не дозволуваат оштетување на ДНК и мутирање на истата, со што се потенцира нивното антиканцерогено дејство; го спречуваат метастазирањето на малигното ткиво кај карциномот на дојката, белите дробови и простатата. Овие состојки исто така помагаат при регенерација на оштетените мозочни клетки после мозочен удар.
Примена:
- Се препорачува кај ревматски и автоимуни заболувања;
- Кај разни воспалителни процеси и респираторни инфекции;
- Малигни заболувања и метастазирања на карцином;
- Проблеми со дигестивниот тракт и црниот дроб;
- За подобрување на психофизичката енергија и меморија;
- Се препорачувакај рековалесценти од мозочен удар и кај Алцхајмерова болест;
- При третман на кардиоваскуларни заболувања;
- Кај кожни заболувања и рани на кожата и сл.
2 коментари
Koja e cenata ?
Браво за сите оние кои се грижат за здравјето на луѓето кои се болни од некоја друга болест за нивната грижа за да немаат никаква болќи во колкот и да не ѓи болат зглобовите