Матичниот млеч (кралско желе) е најважен и најхранлив пчелин производ. Тој претставува густа млечно бела супстанца со светло кафеав прелив. Млечот го произведуваат пчелите со мешање на мед, полен и со посебни ензими. Овој пчелин производ служи исклучително за исхрана на матицата, која благодарејќи на млечот живее 5 години, додека другите пчели живеат просечно 2-4 месеци.

Матичниот млеч содржи аминокиселини, ензими, хормони, шеќери, масти, незаситени есенцијални масни киселини, минерални материи и богатство на витамини (Б1, Б2, Б6, Б12, пантотенска киселина, ниацин, фолна киселина, биотин, вит. Ц, Д и Е).

Млечот има антибиотско, антисептичко, антивирусно и антигабично дејство. Тој претставува единствена природна материја која содржи ацетилхолин кој е природен медијатор на сите витални органи и функции. Млечот има извонредно дејство за полесно опоравување и лекување на бројни заболувања (на црниот дроб, панкреасот, бубрезите, белодробни и стомачни заболувања, кожата, крвните садови, инфективни и малигни заболувања).

Матичниот млеч го подобрува апетитот и менталното здравје, посебно кај депресивни и анксиозни состојби и е особено корисен за децата во раст и развој, бремените жени и доилките.

Употреба:

– Како природен нутриционистички додаток и енергетик;

– За зајакнување на имуниот систем;

– Кај инфективни и малигни заболувања;

– За подобрување на физичкото и менталното здравје.

Не се препорачува кај лица алергични на полен и болни од надбубрежна жлезда.

 

med