Здружението за борба против рак „Борка за секој нов ден„ доби донација од 1 милион денари од компанија Mozzart во рамки на кампањата „Милион причини за гол“.
Головите на Пандев и Алиоски на Македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство донесоа голема радост на целата нација, но и одличен износ во хуманитарни цели. Mozzart за време на првенството организираше акција „Милион причини за гол“ каде за секој погодок на нашите репрезентативци донираше милион денари во хуманитарни цели.
 „Навистина сме пријатно изненадени! Му благодариме на Дарко Панчев за предлогот и на Моцарт за донацијата. На болните од рак им е потребна нашата поддршка, сега повеќе од било кога. Малигнитетот за жал е сеуште причина број еден за смртност во светот. Донираните средства ќе ни помогнат да продолжиме со нашите активности и да помагаме и влијаеме за суштински промени во нашиот здравствен систем. Квалитетни лекови, навремени прегледи и здравство достапно за сите е тоа кон што целиме. Среќни сме што нашата работа се препознава, општествени и одговорни компании и личности се клучни за нашата борба. Уште еднаш големо благодарам од името на сите Борки! “ – изјави Биба Додева, претседател на здружението.
Фудбалска легенда Дарко Панчев беше промотор на кампањата, кој предложи парите да се донираат во две здруженија – „Борка“ (Здружение за борба против рак) и „Дајте ни крилја“ (Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби).
„Ми претставува огромна чест што бев дел од ваков голем проект на компанијата Mozzart. Сите навивавме со цело срце за нашите репрезентативци, но со кампањата „Милион причини за гол“ имавме дополнителна причина да навиваме за што повеќе голови. Се надевам дека и во иднина ќе има вакви акции преку кои ќе се помага онаму каде што е потребно.“ – изјави Дарко Панчев.
Компанијата Mozzart и во минатото се истакнала како општествено одоговрна компанија со своите донации и хуманитарни акции.
„Навистина сме среќни кога успеваме да ги поврземе спортот и желбата да помогнеме некому. Би сакала да се заблагодарам на нашата фудбалска легенда Дарко Панчев што ја поддржа акцијата „Милион причини за гол“ каде преку донации во одбраните здруженија барем малку ќе создадеме насмевка на лицата и ќе го олесниме животот на поединците.“ – изјави Ивана Ололовска, маркетинг менаџер во Mozzart.
Борка продолжува си своите редовни активности и со кампањите за подигање на јавната свест за ракот како потенцијално излечива болест, доколку навремено се открие. Благодарение на нашите донатори и поддржувачи, Борка дури и во пандемијата успеа активно да работи и да придонесе болните од рак полесно и побрзо да дојдат до својата терапија и да влијае на неколку одлуки во корист на пациентите.
Работата на Борка е поддржана од Цивика Мобилитас.