Калциум – Ca
- Калциумот учествува во изградба на коските и коскеното ткиво.
- Ca + Mg во комбинација поволно делува на КВС (го регулира ритамот на срцевата работа).
- Ca ја подобрува апсорпцијата на витаминот Д.
- Дневна доза од Ca е од 800 до 1200 мг.
- При земањето на газирани сокови Ca во организмот се намалува па затоа се додава во состав на соковите.
- За превенција на остеопорозата Ca се зема во доза од 3 мг и во комбинација со витамин А, Ц и Д.
Хром – Cr
- Хромот учествува во метаболизмот на шеќерот заедно со инсулинот.
- Учествува во транспортот на протеините од крвта до ткивото.
- При недостаток на Cr се јавува артериосклероза и дијабет.
- Дневна доза од Cr изнесува од 50 до 200 мг.
Бакар – Cu
- Бакарот учествува во искористувањето на тирозинот и во пигментацијата на кожата и косата.
- Овозможува подобро користење на витаминот Ц.
- Дневна доза е од 1,5 до 3 микрограми.
Флуор – F
- Флуорот се користи како превентивна мерка во борба против кариесот и обојувањето на забите.
- Дневна доза од F е од 1 до 4 микрограми.
Јод – Ј
- Јодот ја помага работата на тироидната жлезда, а поради неговиот недостиг доаѓа до зголемување на телесната тежина и намалување на енергијата.
- Покрај ова јодот учествува во согорувањето на мастите и го регулира растењето.
- Јодот е извор на дополнителна енергија за мозокот, косата, ноктите, кожата и забите.
- Дневна доза е 150 до 200 микрограми.
Железо – Fe
- Железото учествува во стварањето на хемоглобинот и еритроцитите и е основен лек во лечењето на анемиите.
- Покрај тоа ја зголемува отпорноста од инфекциите, се дава за намалување на заморот и малаксаноста на организмот и ја одржува кожата.
- Препорачана дневна доза на железо е од 10 до 20 мг за возрасни, а кај трудниците и до 30 мг дневно.
Магнезиум – Mg
- Магнезиумот има големо значење и е одговорен за правилната работа и функционирање на нервниот систем и мускулното ткиво.
- Потребно е да се дава во сите стресни ситуации како антистресно средство.
- Поволно делува на КВС и срцевите заболувања.
- Магнезиумот го потенцира дејството на витамините Б1, Б2 и Б6.
- Магнезиумот треба да го користат спортистите поради подобрувањето на енергијата.
- Поради недостиг на Mg во организмот се јавуваат грчеви.
- Дневна доза е 250 до 300 мг.
Калиум – К
- Калиумот поволно делува во регулирањето на водниот баланс во организмот и ритамот на срцевата работа (К делува во клетката). Кога ќе дојде до пореметување на рамнотежата на К + Nа страдаат нервниот и мускулниот систем.
- Хипогликемијата секогаш оди со намалувањето на Калиумот.
- При намалувањето на К во организмот се јавуваат отоци.
- Хипокалиемија може да настане поради консумирање на големи количини на алкохол, кафе и диуретици.
- Дневна доза на К е од 1 000 до 2 000 микрограми.
Селен – Se
- Селенот е добар антиоксиданс и го спречува стареењето на организмот. При употреба на Селен секогаш треба да се зема и витамин Е.
- Мажите имаат поголема потреба од Se бидејќи истиот се губи со лачењето на спермата.
- Жените треба да го користат во менопаузата (ги смалува нападите на топлина).
- Се користи во лечењето на дисебореата и во спречувањето на создавањето на првутот.
- Se има антиканцерогено дејство, и поволно делува на еластичноста ткивото.
- Дневна доза на Se е 50 до 100 мг.
Натриум – Na
- Na + К имаат големо значење во развитокот и растењето. Внесувањето на големи количини на Na во организмот го смалува К во клетките.
- Na поволно делува на правилната работа на нервното и мускулното ткиво
- Поволно делува при исцрпност и сончаница.
- За здрав човек потребно е дневна количина од 500 мг на сол (Na Cl). Потребите од сол се зголемуваат во летниот период поради губењето на солта со потењето.
Цинк – Zn
- Цинкот го контролира метаболизмот и одржувањето на ензимите и учествува во градбата на протеините.
- Поволно делува во регулирањето на ацидо-базната рамнотежа.
- Помага во стварањето на инсулинот, поволно делува на простатата, на работата на мозокот и се користи во лечењето на шизофренијата.
- Покрај тоа се користи во лечењето на стерилитетот и заболувањата на простатата (Zn + В6).
- При лечењето на хиперхолестеринемијата.
- Zn се користи во терапијата на алкохололичарите и дијабетесот (Zn + витамините Б и Ц).
O коментари