Како полноправен член на Еуропа Дона- Европска асоцијација за борба против рак на дојка, на 15 октомври 2011 година, Борка – за секој нов ден ке го одбележи Breast health day 2011 година. Одбележувањето на  овој ден ќе вклучи еднодневна ексукрзија до Милениумскиот крст на Водно, Скопје за жените и нивните семејства оперирани од рак на дојка. Поаѓањето на учесниците ке биде пред Универзална Сала – Скопје, и вклучува транспорт на учесниците до Средно Водно со организиран автобуски превоз од приватното претпријатие Руле Турс – Скопје . На Средно Водно ке следи кратка пауза со ручек во истоимениот хотел како и едукативни сесии за рано откривање и современ третман на карцином на дојка, превентива и дијагностика на карцином на дојка, методи за реконструкција на дојка после мастектомија, скринингот и најновите методи за рана дијагностика на рак на дојка, здравата исхрана како предуслов за здрав живот.

После ручекот, на учесниците ке им биде овозможен транспорт со жичницата  до Милениумскиот Крст кадешто ке имаат можност за дружење, забава и активности од социјален карактер. Жените ке имаат можност да разговараат за проблемите со кои заеднички се соочуваат и да разменуваат искуства.

Breast health day се одбележува секоја година на европско ниво за подобрување на физичката активност кај жените, оддржување на нормална телесна маса како и здрав режим на исхрана.

 

 

Агенда на настанот:

09:00 часот – Собирање на учесниците пред Универзална Сала.

09:15 часот – Поаѓање

09:30 часот – Панорамско утринско кафе на Средно Водно

10:30 часот – Едукативни сесии со:

  • Д-р Драган Смилевски – тораковаскуларен хирург, Клиничка болница Систина Скопје
  • Д-р Маја Чапова Стојчевска ,специјалист радиолог, Клиничка болница Систина
  • Г-ѓа Радмила  Ханџиска – Медикус Хелп, Скопје
  • Д-р Дарко Милошески, Борка – за секој нов ден.

12.00 часот – Прошетка до Милениумскиот Крст со жичница и активности од социјален карактер

13:30 часот – Заеднички ручек во Хотел Водно.

15:00 часот – Заминување на учесниците.

*Доколку временските услови се непогодни можно е ручекот да се реализира веднаш по едукативните сесии.