Во пресрет на месецот октомври, како и во рамките на активностите на Националната кампањата за рак на дојка, претседателката на здружението “Борка – За секој нов ден”, Биба Додева оствари средба со градоначалникот на Охрид, Г-дин Константин Георгиески.

На средбата беше дискутирана моменталната состојба во Охридскиот регион како и потребата за воспоставување на регионална канцеларија за поддршка на онколошките пациенти.

Пациентите од Охрид и регионот се лекуваат во болницата во Битола и Скопје. Нашата координаторка Костадинка Трајаноска ги истакна проблемите со кои се соочуваат овие пациентите и беше констатирана огромна потреба за ваква канцеларија во која пациентите од рак ќе може да се состануваат еднаш неделно или месечно. За жал ракот сеуште е табу тема и поради тоа сметаме дека е во интерес на пациентите да имаат свое катче каде што ќе бидат послободни да зборуваат за болеста како и поорганизирано да се делуваа локално во рамки на локалната самоуправа.

Градоначалникот Георгиески ја прифати нашата идеја и како и досега ни даде огромна поддршка за Националната кампања за борба против ракот на дојка во Македонија со тоа што за сите учесници од Охрид кои ќе се пријават и ќе учествуваат на најголемиот настан за подигнување на јавната свест за ракот на дојка “Race for the Cure” ќе добијат маички што ќе ги овозможи општината.

Воедно имавме можност да оствариме средба и со најголемите организатори на охридскиот маратон „Охрид Трчат„ и добивме целосна поддршка. Тие се согласија да направат свој тим, да учествуваат во “Race for the Cure”и да помогнат во организацијата на настанот во Охрид. Оваа соработка ќе ја продлабочиме следната година со организирање на заеднички настан за поддршка на болните од рак.

Инаку, на агендата на претседателката Додева во следните денови е посета на речиси сите градови каде што Борка има координатори како и средба со градоначалниците на Општините.