Здружението “Борка- за секој нов ден” распишува конкурс за отворено работно место Програмски асистент.
Потенцијалните кандидати/кандидатки треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС
- Искуство во пишување и имплементација на национални или меѓународни проекти
- Способност за организирање и држење на презентации
- Одлична вербална и пишана комуникација на македонски и англиски јазик
- Напредни компјутерски вештини (познавање на апликации за канцелариско работење, ажурирање на веб-сајтови, и користење на социјални медиуми за промоција).
- Способност за тимска работа на проекти
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Функционална возачка дозвола
- Почитување на флексибилност во однос на работно време и работни задачи
- Поседување на висока професионална и морална етика
Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во областа на невладините организации како и познавање на теми од областа на здравството.
Заинтересираните кандидати да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на следните адреси info@borka.org.mk и biba@borka.org.mk до 17.03.2014.
O коментари