Денес претседателката на БОРКА, Биба Додева, оствари средба со Г-дин Роберт Бекироски заменик директор на Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД, на која што се дискутираше за активностите кои ги спороведува БОРКА, моменталната состојба со терапии за болните од малигни заболувања, потребата од промена и дополнување на позитивната листа на лекови преку Закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства кој е во процедура, како и за моменталната состојба со клиничките испитувања во нашата земја.
„За мене секогаш е чест и задоволство да бидам дел од настани организирани од страна на граѓанските организации кои работат во општествени иницијативи. Ваквите настани секогаш дополнително ме уверуваат дека сме подготвени за поддршка и активности со цел подобрување на здравјето на пациентите. Во име на Агенција за лекови и медицински средства изразив голема благодарност за досегашната и подготвеност за понатамошна соработка за престојните проекти. Ви благодарам “Борка” за денешната испиративна средба.„ – изјави заменикот директор на МАЛМЕД.
Инаку, во рамките на денешната средба, Додева како член на Извршниот одбор на МПЕ (Myeloma Patient Europa – MPE), го информираше заменик директорот за активностите на работната група за Централно Источна Европа која Биба ја води заедно со Кристина Модиќ од словенечкото здружение „Slovensko Združenje Bolnikov Z Limfomom In Levkemijo L&L„.
„Изминативе 3 години значително се подобри пристапот до нови терапии за нашите пациенти, кои се навистина ефективни во лекувањето на малигните болести. Сепак сметаме дека оваа практика треба да продолжи и понатаму со дополнување на други нови терапии кои системски би се решиле со ревидирање на позитивната листа на лекови. Треба да ја поттикнеме можноста за спроведување на клинички испитувања во нашата држава и да работиме со цел подобро разбирање на предизвиците и бариерите за поставување на вакви испитувања кои би биле достапни за нашите пациенти во Македонија„ – изјави Додева.
Борка останува посветена на подобрување на квалитетот на услугите и терапиите за пациентите, како и отворена за соработка со институциите кои можат да влијаат на законските регулативи.
O коментари