Полифенолите присутни во семките од грозјето можат да не заштитат од прекумерна телесна тежина Антиоксидантните суплементи богати со полифеноли како што се семките од грозје можат да помогнат против оксидативен стрес поврзан со дебелината, сугерираат најновите студии извршени врз ла бораториски глувци. Истражувачите од University of Montpellier покажуваат дека животните хранети со високомасна храна, но суплементирани со екстракт од семки од грозје имале 61% повисоко ниво на адипонектин отколку животните хранети само со високомасна храна. Адипонектинoт е протеински хормон поврзан со различни метаболни процеси и неговото ниво во организмот е обратно пропорционално со нивото на телесното масно ткиво. „Ова е прв пат долговременото користење на полифенолите од грозјето да покаже намалување на развојот на дебелината и сличните метаболни процеси, вклучувајки ја и секрецијата на адипокин и оксидативниот стрес“, наведуваат истражувачите, предводени од Jean-Max Rouanet, во списанието Molecular Nutrition and Food Research. Др. Rouanet и неговите соработници после 12 недели откриле дека лабораториските глувци кои биле хранети со високо-масна храна имале зголемено абдоминално масно ткиво за разлика од оние кои биле хранети со високо-масна храна и екстракт од семки од грозје. Исто така, кај животните хранети со високо-масна храна, се покачило нивото на шеќерот и триглицеридите во крвта, додека суплементацијата со екстракт од семки од грозје покажала делумна превенција од овие состојби, наведуваат истражувачите.
Навистина, инсулинемиата и лептинемиата биле намалени за 16.5% и 45%. Истражувачите исто така забележале намалена гликемиа и вредности на инсулинската резистентност. Се намалило и нивото на оксидативниот стрес кој се одредил преку срцевата продукција на супероксиден анјон и експресијата на NAD(P)H оксидаза, кои биле намалени за 74% и 30%, соодветно. „Овие резултати сугерираат дека екстрактот од семките од грозје делува преку антиоксидантниот механизам и адипонектинот може да го модулира оксидативниот стрес, што доведува до анти-обезни ефекти (спречување на зголемување на телесната тежина)“, наведуваат истражувачите.
O коментари