Сливите се плодови со сина или жолта боја зависно од врстата. Месото на плодот е слатко, жолтеникаво со семка во средината. Сливите се дрва од фамилијата ружи (Rosacee).
Најстарите пишани податоци за сливите потекнуваат уште од антиката 7 век п.н.е. Најраспространиетите видови сливи на нашите простори кои цветаат најдоцна на овие простори ги донесол Александар Македонски од Сирија и Иран.
Постојат голем број на сливи од кои најпознати се: Стенли, Валерија, Калифорниска сина, ранка, домашна, унгарска бистрица.
Нутритивен состав на сливите (100гр):
Калории 46
Вк.масти 0.3г
Заситени масти 0.1г
Холестерол 0мг
Дијетални влакна 1.4г
Натриум 0мг
Јагленхидрати 11.4 г
Шекери 9.9г
Протеини 0.7г
Калциум 6мг
Калиум 157мг
Од витамини најмногу има бета-каротени (провитамин А), витамин Ц, Е, фолна киселина и Б6. Изобилуваат со минерли, најмноигу калиум, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бакат. Сливите содржат и пектин кој делува на симнувањето на холестеролот во крвта. Сливата содри сорбитол – шекерен алкохол, кој се користи како замена за шекерот во производство на слатки диететски производи наменети за дијабетичарите. Сорбитолот има 60% од благоста на шекерот и има помалку калории.
Лековито дејство:
Ова овошје богато со калиум и фосфор, железо и мафнезиум како и каротин во себе има и пигмент антоцијан кој е важен во превенцијата на анемијата. Покрај ова сливите имаат глукоза 51% и сахароза 31%. Јаболковата и лимонската киселнина во комбинација со овошните шеќери му даваат убав вкус на овошјето. Билните влакна во сливите играат важна улога во регулацијата на правилната работа на цревата. Оттаму обичните и сушените сливи се одлични против запек. Сливите помагаат кај дијабетес, пореметување на работата на црниот дроб, артеросклерозата, канцерот, ревматскиот артритис, гушавоста, дехидрција, умор, остеропороза и неуролошки проблеми.
На дијабетичарите им се препорачува внимателно консумирање покради присуството на шекерот во нив.
O коментари