spirulina-recipes

Спирулина (Arthospira platensis) е вид на сино-зелена микроалга која живее во океаните и алкалните езера во Африка, Мексико и Јужна Америка.

Спирулината е позната и како суперхрана – според содржината на хранливи материи еден грам на спирулина е еднаков на еден килограм овошје и зеленчук, заради што во многу земји оваа алга се одгледува во комерцијални цели.

Спирулината е многу богат извор на квалитетни протеини (65% од нејзиниот состав се чисти протеини) кои содржат вкупно 18 аминокиселини од кои 8 се есенцијални, т.е. човековиот организам не може сам да ги создаде и затоа треба да се внесуваат со диететски додатоци.

 Во 100 гр. спирулина има 60-70 гр. протеини, што е три пати повеќе отколку во исто толкава количина свинско месо и два пати повеќе отколку говедско месо или риба и 50% повеќе отколку во сојата. Овие протеини многу лесно се апсорбираат во човечкото тело- коефициентот на на апцорпција достигнува 65-80%, додека кај протеините од соини зрна е само 40%. Заради овие својства спирулината станува многу популарна кај спортистите и бодибилдерите – таа го енергизира организмот, ја зголемува издржливоста и ги подобрува атлетските перформанси. Спирулината изобилува и со витамини: Б12, Б6, Б2, Б3, фолна киселина, витамин Е, бета-каротен (витамин А), хлорофил, минерали и микроелементи- калциум, железо, селен, цинк, магнезиум, фосфор,јод, натриум, калиум, бакар, манган, ферменти и есенцијални масни киселини.

Спирулината е особено богата со витамин Б12 и железо- во 10 гр. спирулина има железо кое е еднакво со количината на железо во 450 гр. штавељ или 320 гр. црн дроб. Оваа алга има три пати повеќе витамин Б12 отколку црниот дроб и затоа е одлично средство за превенција и лекување на феродефицитната анемија.

 Оваа алга го стимулира и зајакнува имуниот систем со зголемување на продукцијата на антитела и антиинфламаторни хемиски компоненти наречени интерферони и интерлеукини. Таа исто така има антиканцерогени способности благодарение на антиоксидантните својства и помага за намалувањето на покаченото ниво на холестерол и триглицериди во крвта.

 Спирулината е богата и со линоленска киселина која го подобрува создавањето на простагландини и затоа може да го регулира крвниот притисок, размножувањето на клетките и може да превенира и третира разновидни воспалителни процеси, болести на срцето и шеќерна болест. Во една студија изведена од јапонски научници во која учествувале лица во поодминат стадиум на дијабетес покажува дека по 8 недели користење на спирулина, нивото на шеќер во крвта кај овие луѓе се снижило и станало еднакво како кај пациентите со почетен стадиум на дијабетес. Во ова испитување е исто така наведено дека во Јапонија огромен број на населението секојдневно користи спирулина – 45% од нив ја земаат превентивно и заради третман на најразлични заболувања, а 25% заради лечење на шеќерна болест. Клиничките наоди исто така потврдуваат дека со земањето на спирулина за третман на дијабетес може да се постигне необично успешен ефект. Многу нутриционисти ја препорачуваат оваа микроалга во диетални цели бидејќи содржи растителни влакна и го намалува апетитот, таа исто така ги детоксифицира клетките, ја подобрува функцијата на дигестивниот тракт (посебно кај лица кои имаат проблеми со варењето на храната), ја зголемува клеточната енергија и го подмладува организмот.