Кружење со рамената:
- Подигнете ги рамената додека истовремено го држите стапот со рацете и крушете со рамениците кон назад, пет пати
- Кружете со рамената кон напред, пет пати
Ротирање на стапот:
- Земете го стапот во широчина на рамената пред градниот кош
- Заротирајте го стапот на една, потоа на друга страна
- Повторете на секоја страна по пет пати
Ротирање на страна:
- Земете го стапот пред себе, заротирајте го делото на едната, потоа на другата страна
- Повторете пет пати на секоја страна
Вежба со истегнување:
- Земете го стапот со двете раце и подигнете го над главата, лесно истегнете се на левата, потоа на десната страна
- Повторете ја вежбата на секоја страна по пет пати
- Повторете ја вежбата со дишење
Ротирање на рацете:
- Земете го стапот во ширина од 30 см, рацете се испружени, заротирајте ја раката преку другата рака (повторете по пет пати на секоја страна)
- Фатете го стапот во средината со здравата рака, свртете ја дланката надолу, потоа нагоре, повторувајте пет пати а потоа вежбата повторете ја и со болната рака
- Фатете го стапот во вертикална положба со двете раце и правете кружни движења (мешање) на едната, потоа на другата страна, по пет пати
- Завеслајте со стапот на една, потоа на друга страна, по пет пати на секоја страна
- Поставете го стапот вертикално во здравата рака, поминете го целиот стап стискајќи со дланката нагоре, потоа надолу по пет пати и истата вежба повторете ја со болната рака
- Земете го стапот во висина на градите со здравата рака, правете движења како да го вртите и одвртувате стапот, повторувајте го секое движење по пет пати и повторете ја вежбата со болната рака
- Земете го стапот во висина на градите со свиткани лактови, подигнете го стапот над главата, потоа вратете се во почетната положба и тоа повторете го пет пати
- Земете го стапот пред себе со испружени раце, потоа приближете ги до градите, повторете го ова пет пати
- Земете го стапот со двете раце, свиткајте ги лактите кон градите, потоа испружете ги и истото повторете го пет пати
- Фатете ја средината на стапот со здравата рака, свиткајте ја и испружете го лактот по пет пати и повторете ја вежбата со болната рака
- земете го стапот со двете раце во висина на градите и развлечете го стапот, задржете го три секунди, потоа опуштете се и повторете пет пати
- Повторете ја вежбата со кружење на рамењата
- Повторете ја вежбата со дишење
O коментари