Здружението Борка, во соработка со Министерството за здравство, ќе реализира кампања чија цел е подигање на свеста за постојаниот подем на ракот на белите дробови и негативните ефекти од пушењето како негов најголем причинител.
За таа цел, на 26 мај во 11:00 часот, на Плоштад Македонија, Борка ќе реализира едукативен и музички настан. На настанот ќе се обратат Министерот за здравство, Г-дин Имер Селмани и Претседателот на Борка, Г-ѓа Биба Додева.
Настанот ќе вклучи младински дебати против пушењето и музички дел со ДЏ-и.
Со цел промовирање на штетноста од пушењето и најава на светскиот NO TOBACCO ден (31 мај), Борка ќе објави 5-дневна програма за откажување од пушењето.
Програмата можете да ја преземете тука (5-дневна програма за откажување од пушење).
Проектот е поддржан од City Radio и Младински образовен форум.
Преземете ја програмата:
O коментари