Со заеднички сили меѓународните институции, владите и граѓанските организации прават активности со една цел, да влијаеме на промената на статистиката против глобалната епидемија на рак. Денешниот светски ден за борба против ракот го одбележуваме и ние во „Борка“ со цел да ја подигнеме свеста на граѓаните за ракот, да поттикнеме превенција, можност за рано откривање и за современ, адекватен и навремен третман, но и да ги мотивираме владините субјекти, институциите и индивидуалците да преземат акции во борба против ракот.
Ова се активностите кои што „Борка“ ги направи во 2019 година.
- Доделени 105 перики на жени кои се под хемотерапија со полош социјален статус
- Организирање на над 20 настани за подигнување на свеста за различни видови на рак
- Едукација, тренинг и обука за самопреглед на дојка во 12 средни училишта во нашата држава
- 104 пати посетени пациенетите со малигни заболувања на клиниките на торакална хирургија, клиниката за онкологија и хематологија
- Над 120 илјади посетители на нашата веб страна
- Над 300 илјади на фејсбук страната на „Борка“
- Бевме домаќини на првиот балкански состанок на организации од балканските земји
- Одржана 11 традиционална кампања Напред розово – чекори против ракот на дојка
- Одржана 12 Национална конференција за борба против ракот на дојка
- Едукации на 12 членови – претставници од „Борка“ на меѓународни конференции, семинари и конгреси
- Над 40 пати беа организирани групи за психосцоијална помош и поддршка за заболените од рак
- Над четири илјади јавувања на СОС телефонските линии
- Над 150 посети во канцелариите во дневниот центар на „Борка“
- „Борка“ е номинирана за „Country Champion“ во 2019 во светски рамки и учество на светскиoт конгрес организиран од страна на интернационалната Унија за контрола на ракот, во Казакстан.
- Над 30 едукативни предавања за различни видови на рак, начинот на детекција, начините на лекување и ресоцијализација на жените кои се заболени од рак
- Неколку состаноци одржани со министерот за здравство и министерот за труд и социјала со цел решавање на проблемите со кои се соочуваат канцер пациентите
Ова се дел од активностите кое нашето Здружение ги имаше во текот на изминатата година, а во продолжение еве дел од атмосферата која владееше во нашиот дневен центар по повод одбележувањето на светскиот ден на ракот на кој присутни беа и министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче, директорот на Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија, Спец. Д-р. Нино Васев, директорката на Универзитетската Клиника за хематологија Ирина Панева Ставридис како и голем број на наши членови и поддржувачи.
Воедно сакаме да упатиме благодарност и до медиумите кои дојдоа во голем број за да го одбележат светскиот ден на ракот заедно со нас.
O коментари