Време е за НАПРЕД РОЗОВО!

По 11-ти пат активно да се вклучиме во подигнување на свеста и во борбата против ракот на дојка.

Биди и ти дел од оние кои прават промени!

Да чекориме заедно со оние кои ја водат оваа неизвесна битка.

Да им дадеме поддршка на оние чиј живот е пред огоромен предизвик. 

Да чекориме во чест на оние кои ги загубивме.

На 6-ти октомври во 11 часот, на Школка во Градскиот парк.

Ова е наша заедничка борба, затоа биди и ти дел од неа и приклучи се на симболичната прошетка!