Алијансата за борба против ракот на дојка (Здружението за борба против рак – Борка и компанијата за жени AVON), во рамки на кампањата која се одвиваше во текот на месец октомври и ноември, во акцијата за собирање донации за бесплатни прегледи на дојка, со помош на граѓаните и поддржувачите обезбеди 130.000,00 денари. Акцијата за собирање донации за бесплатни прегледи на дојка покажа дека расте свеста кај жените, ако се земе во предвид бројката на заинтересирани за активностите кои се случуваа во текот на кампањата за борба против ова сериозно заболување. Целта на донациите беше да се обезбедат средства за бесплатни прегледи на дојка за жени со неповолна социјална положба.
– Сметаме дека ваквите активности не треба да запрат тука, туку уште повеќе да се интензивираат во 2008 година – истакна Биба Додева, претседател на Борка.
– Во седумдесеттите години биле регистрирани само 250 случаи со рак на дојка на годишно ниво, на просторите на Република Македонија, Србија и Косово, а денес оваа бројка е енормно зголемена и само на територијата на Македонија се регистрираат 800 нови случаи годишно – вели Проф. Др. Тихомир Крцковски и притоа апелираше до сите жени над 40 годишна возраст да одат на редовни прегледи и доколку не забележуваат никакви симптоми од ова заболување.
O коментари