Почитувани наши, едукациите предвидени со розовиот караванот продолжуваат! Овој пат кај нашите пријатели од Кочани, во вторникот на 26ти ноември 2019 година, во салата на Советот на Општина Кочани, Здружението „Борка – за секој нов ден“ и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите од Кочани организираа едукативно предавање за различни видови на рак.

Заинтерисираноста на овој настан беше голема бидејќи Здружението Борка за секој нов ден, секојдневно работи во интерес на пациентите кои директно или индиректно се заболени од било каков вид на канцер. Овој пат свои предавања и обраќања имаа  спец. онколог д-р Мери Пешевска и спец. радиолог д-р Драгана Могилевска Груевски, Валентина Андонова, координаторката од Здружението Борка во градот Кочани како и претседателката на Здружението Борка за секој нов ден, Биба Додева.

Воедно се дискутираше и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на градот Кочани и можност за нивно решавање.

Сакаме да изразиме благодарност до сите кои беа присутни на Розовиот караван, кои го препознаа квалитетот на Борка и нејзиното залагање за пациентите заболени од рак во последните 12 години.

Би сакале да Ве известиме дека Борка овој период ќе продожи со своите едукации низ средните училишта за превенција од ракот на дојка низ целата држава, како и со своите работилници и психолошки терапии. Нашите волонтери и понатаму работат во нашиот центар во интерес на пациентите каде постојано се дава поддршка, како преку СОС линијата која е достапна 24 часа, така и преку давање на бесплатни перики на пациентите заболени од рак.

Исто така преку нашата веб страна на социјалните мрежи секојдневно се објавуваат едукативни материјали со цел подигнување на свеста за борба против ракот на дојка.