Во време на пандемија со Covid-19 вирусот, пациентите со малигнитет се најранлива и најисплашена категорија. Достапноста на информациите во врска со вирусот и како може да влијае на пациентите заболени со малигнитет е исклучително важно. Препораките од здравствените власти треба да се почитуваат со цел да се избегне инфекција со коронавирусот.
Амбулантски прегледи
Пациенти кои се со висок приоритет:
- Пост-оперативно клинички нестабилни пациенти (пр. Крварење или инфекција).
- Дијагноза на рак на дојка за време на бременост.
Пациенти кои се со средно висок приоритет:
- Ново дијагностициран инвазивен карцином на дојка.
- Пациенти на третман кои пројавуваат симптоми на несакани ефекти од терапијата. Се препорачува прегледите да бидат со телефонски или видео повик.
Пациенти кои се со среден приоритет:
- Ново дијагностицирани неинвазивни карциноми. Се препорачува повеќето прегледи да бидат по телефонска линија.
- Пост-оперативни прегледи кај пациенти кои немаат компликации.
Пациенти кои се со низок приоритет:
- Пациенти кои немаат нови тегоби.
- Следење на пациентите кои завршиле со третманот за карцином.
- Следење за пациенти со висок ризик за карцином на дојка (носители BRCA) или пациенти со висок ризик за повторна појава (релапс).
- Пациенти за психолошка поддршка.
Приоритети за карцином на дојка: Дијагностчки и радиолошки техники
Пациенти кои се со висок приоритет:
- Само-дијагностицирање на грутка на дојката или појава на други симптоми кои сугерираат малигнитет.
- При појава на локален релапс на болеста, кога е индицирано да се направи хируршки радикален пристап.
- Кога е потребно да се направи хистопатолошка или цитопатолошка анализа заради појава на патолошка мамографија или пак симптоми за метастатски релапс.
- Кога на скрининг мамографијата се потврдува BIRADS 5 кај асимптоматски лица, се препорачуваат понатамошни радиолошки испитувања.
Пациенти кои се со среден приоритет:
- Кога на скрининг мамографијата се потврдува BIRADS 4 кај асимптоматски лица, се препорачуваат понатамошни радиолошки испитувања.
- Радиолошки или клинички водена биопсија за да се утврди сомнението за метастатски релапс.
- Ехокардиографија кај пациенти во ран стадиум на инвазивен карцином на дојка кај кои е потребна анти-HER2 и антрациклин базирана терапија.
Пациенти кои се со низок приоритет:
- Скрининг на популацијата со мамографија и одредување на ризикот за асимптоматски лица.
- Лица со промени на скрининг мамографијата кај кои е потребно повторување на радиолошките техники за 6 месеци (BIRADS 3).
- Кај пациенти во ран стадиум на карцином на дојка, при радиолошко следење, повторно одредување на стадиумот на болеста, ехокардиографија, ЕКГ и скен на коски, може да се одложат доколку пациентите немаат симптоми.
- Кај пациенти со метастатски карцином на дојка се препорачува следење во зависност од симптомите. Радиолошките техники за следење, повторно одредување на стадиумот на блеста, ехокардиографија и ЕКГ може да бидат одложени или направени на подолг временски интервал.
Оперативен зафат
Пациенти кои се со висок приоритет:
- Пациенти кои се со пост-оперативни компликации како крварење, апцес или појава на хематом.
- Пациенти кои се со компликации при реконструктивна операција (пр. исхемија).
- Пациентите кои ја комплетирале неоадјувантната терапија.
- Оперативен зафат кај пациенти со инвазивен карцином кога онколошки конзилиум одлучува дека е неопходно да се изведе операцијата.
- Оперативна интервенција на карцином на дојка кај бремени жени.
Пациенти кои се со средно висок приоритет:
- Оперативно отстранување на повторна појава на туморот.
Пациенти кои се со среден приоритет:
- Неусогласени резултати од биопсија кои укажуваат на малигнитет.
Пациенти кои се со низок приоритет:
- Оперативно отстранување на бенигни тумори.
- Хируршки зафат на неинвазивен карцином на дојка (in situ).
- Неусогласени резултати од биопсија кои укажуваат на бенигна болест.
- Реконструкција на дојки или вметнување импланти.
Зрачење
Пациенти кои се со висок приоритет:
- Пациентите кои имаат крваречки, болни и неоперабилни маси на дојката мора да бидат подложени на зрачење.
- Пациенти кои веќе примаат зрачна терапија.
- При компресија на рбетниот мозок или метастази во мозкот потребно е спроведување на зрачната терапија.
- Адјувантна пост-оперативна радиотерапија кај пациенти со висок ризик на карцином на дојка.
Пациенти кои се со среден приоритет:
- Адјувантна пост-оперативна радиотерапија за пациенти со низок или среден ризик на карцином на дојка.
Пациенти кои се со низок приоритет:
- Возрасни пациенти со низок ризик за карцином на дојка.
- Пациенти со карцинома in situ.
O коментари