Жив ли си, ако болка немаш?
Те болат ли раните незараснати?
Боли ли неизбледениот спомен вечен?
Боли ли толку силно колку што болуваш?
Ветровите те донеле овде или си толку бестрашен
што и на препреките во очи им гледаш?
Каде си сега и каде припаѓаш?
Дури мостови минуваш, градиш.
Дури учиш да веруваш, постануваш поклон Божји.
Дури живееш со полни гради,
во ритамот на природата си.
Светот го менуваш.
Одиш и правиш чуда.
Во туѓите.
Во своите.
Живот.
Воскреснуваш живост кај луѓето починати.
Во мигот од вечноста, сеприсутен си.
Чекориш каде чекор нема.
Нема стравови.
Препреки.
Болки.
Омраза.
Тага.
Конечно, жив си.
Планина да поместиш, можеш.
Можеш да ја видаш светлината во темнилото далечно.
За да сфатиш, нема појака сила,
од волјата своја.
Сања Велкакова
O коментари