Ултразвукот во раното откривање на карциномот на јајници.
Исклучително сериозно заболување кои животно ги загрозува жените е карциномот на јајници. Иако постојат низа тумори кои го напаѓаат овој женски репродуктивен орган, овој тип на карцином е најчеста форма и најагресивен, кој, доколку не се открие на време, остава малку простор за излекување. Со оглед на тоа дека се работи за најсмртоносниот гинеколошки канцер, укажуваат на неговата погубност и важност од редовни и навремени прегледи. Многу е важно редовно да се укажува на неговото постоење и да се подигне свеста кај женската популација.
Податоците за зачестеноста и агресивноста најдобро зборуваат колку е сериозено заболувањето од овој вид карцином. Во светот секоја година се откриваат 250 илјади нови случаи при што 140 илјади зена ја губат битката со болеста. Ракот на јајници е десетти најчест карцином кај жените а петти по смртност кога се споредуваат сите карциноми кои се јавуваат кај оваа популација. Токму затоа е вашно да се подигне свеста за рано препознавање на симптомите на болеста а правовременото и адекватно лекување да се сфати како крајно сериозен начин.
Рана дијагностика исклучиво со ултразвук.
Рана дијагноза е тешко да се постави затоа што болеста не дава никакви карактеристични симптоми, бидејќи промените настануваат во внатрешноста на стомакот. Почнува на јајникот, каде раната промена може да се забележи единствено со ултразвучен преглед. При напредување на болеста се јавуваат одредени симптоми во пределот на дигестивниот тракт, а и тие не се карактеристични за да може веднаш да се посомнева на карцином на јајници. Најчести симптоми се подуеност, ждригање, грчеви во стомакот, мачнина и повраќање, тапа болка во долниот дел на стомакот, губење или зголемување на телесната тежина. Меѓутоа, доколку овие симптоми потраат две до три недели треба да се јавите веднаш на преглед, дури и кај гастроентеролог, кој, исто така, треба да ја земе можноста дека се работи за карцином на јајници.
Болеста најчесто се открива во доцен стадиум
Заради неспецифичните симптоми карциномот на јајници во 70% од случаите се открива дури во третиот или четвртиот стадиум, кога многу напреднал. Во таа смисла, битно е подигањето на свеста во рамките на редовните годишни рутински прегледи во здравствените домови, кои опфаќаат ПАП тест и колпоскопски преглед, задолжително да се направи и ултразвучен (ехо) преглед на јајниците. Во случај на постоење сомнителни промени на јајникот, натамошното лекување се спроведува во за тоа специјализирани установи. Се прават и тумор маркери како еден од дополнителните параметри за проценка дали туморот е малиген или не.
Што кога ќе се постави дијагноза?
Прво се одредува дали туморот е за операција или не. Ако е за оперативен зафат, се проценува дали е бенигно или малигно, од што зависи видот на операцијата. Малигноста или бенигноста на туморот може да се одреди единствено со хистопатолошки преглед, односно со земање ткиво за биопсија при оперативниот зафат. При изведување на операцијата се води сметка пациентката да се стави на минимален ризик од рецидив на болеста. Ако се работи за жени кои треба да раѓаат, во поедини случаи можно е да се остави остаток од репродуктивните органи со минимален ризик. Жените кои излегле од репродуктивниот циклус ги оперираат протоколарно.
Фактори на ризик за појава на туморот
Прецизно не се знае зошто малигниот тумор се развива. Меѓутоа, се знае дека генетските предиспозициите и нарушувањата на имунолошкиот систем се клучни фактори на ризик. Конкретно, за појавата на карциномот на јајници можат да влијаат условите во средината во која личноста живее. Пушењето за 30% ја зголемува можната појава на овој вид карцином, н и нездравата средина со загадувачите, злоупотреба на алкохол, наркоманија. Имунодефицитарните болести, хепатитис, како и автоимуните заболувања, исто така во голема мерка можат да бидат активирачи.
Жената се смета за излечена доколку периодот од пет години поминал без болест од последното лекување.
Ризикот од карцином расте со возраста
Од карцином на јајници може да заболи секоја жена, но во поголем ризик се повозрасните жени, околу 65. годишна возраст. Забележано е дека веќе неколку години ситуацијата не се менува, односно дека зачестеното јавување е се поголемо со продолжување на животниот век, што е особено карактеристично за високоразвиените земји.
O коментари