ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ И ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ РАК НА ДОЈКА
Често прашање на болните и членовите на нивните семејства се
однесува за постапките при дијагностицирањето за рано откривање
рак на дојка и превентивните прегледи на дојка кај здравите членови
на семејството.
ПРЕВЕНТИВНИ ИСПИТУВАЊА КОН ОПШТАТА ПОПУЛАЦИЈА НА ЖЕНИ
ВО СОГЛАСНОСТ СО НАСОКИТЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА
КОИ СЕ ЗАНИМАВААТ СО ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ,ТРЕТМАН И ЛЕЧЕЊЕ
НА РАКОТ НА ДОЈКА
– Самопрегледот после 18 година треба да се прави еднаш месечно. (Жените пред менопауза, т.е. оние кои имаат менструален циклус, прегледот треба да го извршуваат после циклусот.)
– Клиничкиот преглед (палпација) после 35 година треба да се извршува еднаш годишно.
– УВЗ (ултразвучниот) преглед е дијагностичка метода за помлади
жени. Се препорачува еднаш годишно до четириесетата година.
На жените од 40 до 70 години ултразвучниот преглед со
мамографија им се препорачува да го прават еднаш годишно, а
после според потребите.
– Првата (базична) мамографија се препорачува да се направи
помеѓу 38-та и 40 година, а до 50 година да се повторува секоја
година или секоја втора. Помеѓу 50 и 69 година мамографија се
препорачува еднаш годишно.
ПРЕВЕНТИВНИ ИСПИТУВАЊА ЗА ЗДРАВИ ЖЕНИ КОИ ИМААТ
ЗАБОЛЕНИ ЛИЦА ВО СЕМЕЈСТВОТО
Оваа популација прегледите ги извршува според препораките на
лекарите, кои ке ја земат во предвид возраста на здравите жени и
возраста на заболените роднини и другите битни фактори и на тоа ке
го прилагодат видот и зачестеноста на испитувањата. На сите им се
препорачува самопреглед еднаш месечно после 18 година.
Би било добро кај семејниот лекар да се провери дали за вас би
било корисно да се отиде во генетско советувалиште како би можеле
своите превентивни прегледи да ги прилагодите на степенот на ризик
за развој на рак на кој сте изложени врз основа на семејната
анамнеза.
ПРЕВЕНТИВНИ ИСТРАЖУВАЊА ЗА ЖЕНИ КОИ ИМАЛЕ РАК НА ДОЈКА
Овие жени се наоѓаат во системот за следење според стручните
упатства за следење. Онкологот ќе ја прилагоди зачестеноста на
контролните прегледи и видот на испитувањата на секоја поединечна
пациентка. Освен мамографија, ултразвук на дојка и абдомен,
магнетна резонанца, контрола на крвната слика, повремено (во
зависност од индикациите) ќе побара контрола на туморските маркери,
рентген, CT , дензитометрија или било кој друг дијагностички третман
или преглед, се заради следење на здравствената состојба и откривање
евентуално враќање или проширување на болеста. ПЕТ- СКЕН
пребарувањето се прави само во одредени случаи кога има двојни
наоди при рутинска радиолошка дијагностика и кога станува збор за
оправдано сомневање на развој на метастатска болест.
2 коментари
Здраво
Сакам да прашам примам хормонска терапија и мензисот ми е прекинат привремено но имам болки на здравата града имам цисти бев на лекар правев ехо и мамографија и се виде дека е поради што немам мензис што ми препорачувате и под мишката ме боли еднаш месечно инаку јас се оперирав од рак на дојка. Ве молам ако сте имале вакво искуство што се направиле ве молам пишете ми на емаил.
Поздрав
Здраво
Сакам да ве прашам градата и под мишката ме боли бев на лекар и правев ехо и мамографија и се виде на снимката дека се цисти бидејки циклусот ми е прекинат ве молам пишете ми што да правам инаку пред три години се оперирав од рак на дојка примав хемотерапии и после преминав на хормонска и сега имам болки од овој месец нема да примам хормонска терапија ве молам што понатаму да правам
Пишете на емаил
Фала ви многу